Тутунска банка АД Скопје е една од најголемите банкарски и финансиски институции во Република Македонија, прва по перформансите и една од најуспешните банки во групацијата на NLB.
Во вкупниот капитал на Банката групацијата на НЛБ учествува со 76,57%, а останатиот дел од 23,43% е сопственост на правни и физички лица од Македонија.
Банката е значаен учесник во сите финансиски случувања во Македонија, главен финансиски партнер во развојот и во поддршката на малите и средни претпријатија и водечка во кредитирање на населението.
Со понуда на модерни продукти и услуги и со примена на принципи на современо банкарство, Банката го поттикнува домашното штедење, влијае на развојот на кредитната култура и го поддржува развојот на националната економија.
Банката е еден од најуспешните промотери на македонскиот бизнис на меѓународните пазари.
Банката располага со мрежа од 18 експозитури, организирани како мали Банки, со понуда на целосен пакет современи продукти и услуги.
Тутунска банка е наградена од Finance Central Europa за Банка со најголем остварен профит меѓу банките во Македонија за 2002, 2003 и 2004 година.
Во 2003 година за извонредните резултати во севкупното работење, Банката го доби престижното признание за Банка на годината за 2003-та во Македонија, од финансискиот магазин The Banker . |