НЛБ Тутунска банка АД Скопје е водечка банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Основана е во 1985 година, а од 1993 година на пазарот во Македонија работи како комерцијална банка што ги извршува сите финансиски и банкарски услуги за клиентите во земјата и во странство. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија.
Стратешки партнери на НЛБ Тутунска банка се NLB d.d. од Љубљана, LHB Internationale Handelsbank AG Франкфурт и NLB InterFinanz AG Цирих, односно НЛБ Групацијата. Во вкупниот капитал на Банката, НЛБ Групацијата учествува со 85,84% а останатиот дел од 14,16% е во сопственост на домашни и странски правни и физички лица. Членството во НЛБ Групацијата како и новиот корпоративен имиџ за Банката подразбира нов квалитет во работењето што овозможува трансфер на знаење, искуство, технологија и пристап до странските пазари на капитал.
НЛБ Тутунска банка е една од најуспешните банки во Групацијата. Успехот на НЛБ Тутунска банка, се должи на имплементацијата на високо квалитетни стандарди во работењето, на модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија како и на професионалниот менаџмент, зајакнати со брендот на НЛБ.