За банката / Човечки ресурси / Процедура за вработување
Процес на селекција и вработување

Една од примарните цели на НЛБТутунска банка е да осигура дека вработува луѓе со висок потенцијал, кои се ориентирани кон клиентите, способни да одлучуваат, спремни да превземат одговорност и имаат одлични комуникациски и тимски способности.

Накратко, нашиот пристап кон селекција на кандидати е разработен во структуриран процес на селекција и вработување, кој се покажува како многу успешен. Целиот процес се состои од неколку чекори:

•  Прелиминарна селекција – проверка дали кандидатот ги исполнува минимум условите наведени во огласот за работа, нпр. образование, специфично знаење, вештини и искуство и сл;

•  Тестирањепо пат на стандардизиран тест, кој содржи различни аспекти на оценување, се тестираат потенцијалните кандидати за вработување. Тестот вклучува тест на интелигенција, логичко размислување и расудување, општо знаење, познавање на англиски јазик, работа со компјутер и сл. Тестот е поделен на делови, за кои постојат точно одредени временски интервали за решавање. Ова бара од кандидатот да мисли и делува брзо и под притисок на време.

•  Интервју и евалуацијапоследен чекор во процесот на селекција е интервјуто кое се води со секој кандидат посебно кој успешно го положил тестот.

•  Вработување на најдобрите кандидати – откако процесот на селекција ќе се комплетира, кандидатите кои покажале најдобри резултати се вработуваат;

•  Вовед на новите вработени во работењето на Банката – новите вработени учествуваат во кратко воведување во работењето на Банката за кое време тие согледуваат како Банката работи во целост. По завршувањето на периодот на воведување тие се распоредуваат на соодветно работно место.

 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007