НЛБ Тутунска банка ја поттикнува и младата студентска иницијатива. Банката нуди можност за практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата.
Во текот на изминатиот период Банката воспостави успешна и плодна соработка со Факултетите за економски науки во земјата со интенција да се прошири и зајакне во иднина.
Истотака, Банката соработува со Универзитетот Sheffield од Солун, Грција за ангажирање на практиканти и со студентската организација AIЕSEC за студенти на размена.
Студентите кои ќе бидат избрани за пракса за време на летото имаат можност да учествуваат во банкарските операции, да работат во динамична и постојано променлива околина, да научат за различните области од банкарството и сл. Врз основа на остварената пракса, практикантите се здобиваат со препорака за реализација на пракса со евалуација на нивниот ангажман.
|