НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје функционира во рамките на вториот столб на рефомираниот пензиски систем во Република Македонија и ќе управува со средствата на Отворениот пензиски фонд под истото име НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД .
НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје има јасно дефинирана мисија да биде сигурно и доверливо друштво кое воспоставува високи стандарди на квалитет во работењето во областа на пензиското осигурување и обезбедува домаќинско управување со имотот на своите членови.
Друштвото е нов член на реномираната групација на НЛБ. Моќта на основачите е гаранција за сигурност и успешност во работењето. Зад НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје стои искуството на:
- Нова Љубљанска банка д.д. Љубљана - која учествува со 51% во капиталот на Друштвото. Таа е столбот на НЛБ групацијата, која ја сочинуваат над 50 членки, меѓу кои се вброени банки, финансиски институции и други компании дисперзирани низ Централна и Југоисточна Европа и
- Тутунска Банка АД Скопје - со 49% во основачкиот капитал на Друштвото, една од големите банки во Република Македонија според критериумите на НБРМ, со одлични перформанси и успешна членка на НЛБ групацијата;
По добивањето на одобрението, стручниот тим на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје пристапи кон сериозни подготовки, во сите клучни области, а пред се во процесот на креирањето на мрежата на агенти преку која ќе достапува до своето членство. Максимално се посвети на изборот и едукацијата на агентите кои се единствените овластени лица кои можат да вршат маркетинг активности и го отпочна процесот на воспоставување на сите потребни организациони и технолошки процеси, неопходни Друштвото ефикасно да се вклопи во целиот систем на поврзани институции кои се инволвирани во наовиот пензиски систем.
Денес со задоволство може да се каже дека подготовките за почеток се завршени и дека НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје ги има воспоставено сите потребни предуслови по објавувањето на датумот на почеток на потпишување на договорите за членство од страна на агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување - МАПАС, веднаш да започне со зачленување.
Маркетинг кампањата и сите останати активности на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД СКОПЈЕ во наредниот период ќе бидат многу интензивни и насочени кон основната цел, придобивање на довербата на потенцијалното членство. Нашата целна група се млади, нововработени лица на возраст кога не размислуваат за пензија. Токму затоа задачата да се анимираат, едуцираат и правилно информираат со цел да донесат добра одлука за својата иднина е основниот предизвик на НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД Скопје.
За НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД СКОПЈЕ се агажирани над 500 агенти, кои покрај занаењата за новиот реформиран пензиски систем, потврдени со положен агентски испит, во изминатиот период се стекнаа и со дополнителни знаења и вештини потребни за професионален пристап до членството.
НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД СКОПЈЕ ќе користи неколку агентски мрежи кои се воспоставени со цел лесно да се достапува до потенциајлниот член, при што најголема поддршка и ефекти се очекуваат од соработката со Тутунска Банка. НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД СКОПЈЕ ќе настојува доследно да се почитува правото на индивидуален избор и јасните законски инструкции за начинот на водење на маркетинг активности.
НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД АД СКОПЈЕ очекува успешно да стартува во кампањата за придобивање на членство и да придонесе за успех на реформата на пензискиот систем од која покрај бенефициите за поединецот со не помала важност се и бенефициите за општеството во целина. |