За банката / Човечки ресурси / Улогата на човечки ресурси
Улогата на човечки ресурси

НЛБ Тутунска Банка верува во квалитетот и традицијата, но истовремено го потенцира значењето на својот тим вработени врз успешноста на Банката воопшто. Менаџментот на Банката постојано бара и изнаоѓа начини, техники и алатки со цел да се приближи до овој неисцрпен и незаменлив ресурс.

На почетокот на 2004 година во НЛБ Тутунска банка беше формиран и отпочна со работа оддел за човечки ресурси како интегрален дел на Службата за стратегија и развој. Тимот ангажиран за развој на човечките ресурси работи на повеќе развојни проекти, чија главна цел е мотивација, усовршување и оптимално искористување на потенцијалот на вработените во Банката. Во насока на доследно реализирање на овие цели беше ангажиран надворешен експерт од Германија кој работеше заедно со HR тимот на Банката.
Во јуни 2007, Одделот за човечки ресурси прерасна во професионална Служба за човечки ресурси и организација во рамки во рамки на Секторот за логистика на Банката, како постојан советник на менаџментот во однос на развојот на вработените, регрутирањето на нови кадри и ефикасна модерна кадровска служба.

Се стремиме кон извонредни резултати во работењето вложувајќи посебни и лични напори да ги постигнеме нашите цели на врвен начин и во корист на нашите клиенти. Работиме во организациона клима на редовно поставување на предизвикувачки цели, кои ги земаат во предвид индивидуалните способности на нашите вработени кои се од најголемо значење за нашиот успех.

Вработуваме кандидати кои најдобро ќе можат да ги задоволат потребите на нашите клиенти. НЛБ Тутунска банка цврсто го следи начелото на еднаква можност за вработување. Критериумите за селекција се засноваат единствено на индивидуалните способности на кандидатот.

Улогата на човечките ресурси во Банката е да ги стимулира вработените кои поседуваат висок потенцијал, манифестираат надпросечни способности и вештини при реализирање на работните активности. Преку поставување на амбициозни планови вработените се мотивираат во континуитет да ги надминуваат поставените цели, што претставува предуслов за понатамошен индивидуален прогрес и севкупен успех на Банката.

 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007