НЛБ Тутунска банка е водечка банкарска институција во Република Македонија со постојан тренд на пораст и позитивни резултати од основањето до денес. Основана е во 1985 година, а од 1993 година на пазарот во Македонија работи како комерцијална банка што ги извршува сите финансиски и банкарски услуги за клиентите во земјата и во странство. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија.
Стратешки партнери на НЛБ Тутунска банка се NLB d.d. од Љубљана, LHB Internationale Handelsbank AG Франкфурт и NLB InterFinanz AG Цирих, односно НЛБ Групацијата. Во вкупниот капитал на Банката, НЛБ Групацијата учествува со 85,84% а останатиот дел од 14,16% е во сопственост на домашни и странски правни и физички лица. Членството во НЛБ Групацијата како и новиот корпоративен имиџ за Банката подразбира нов квалитет во работењето што овозможува трансфер на знаење, искуство, технологија и пристап до странските пазари на капитал.
НЛБ Тутунска банка е една од најуспешните банки во Групацијата. Успехот на НЛБ Тутунска банка, се должи на имплементацијата на високо квалитетни стандарди во работењето, на модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија како и на професионалниот менаџмент, зајакнати со брендот на НЛБ.
Стратешка определба на Банката е да го поддржува и финансира развојот на мали и средни претпријатија, кои се субјекти што имаат потенцијал да прераснат во носители на економскиот развој. Банката е значаен учесник во сите финансиски случувања во Република Македонија и промотор на македонскиот бизнис на меѓународните пазари, преку што директно влијае врз развојот на националната економија.
Со понуда на современи продукти и имплементација на систем за управување на односите со клиентите, Банката е водечка во кредитирање на населението, придонесува во ширење на културата на користење кредитни картички во Македонија и развојот на е-банкарството.
НЛБ Тутунска банка инвестира во развој на современа деловна мрежа, што ја сочинуваат 24 модерни експозитури, распространети низ цела територија на Република Македонија. Експозитурите се организирани како мали банки, со комплетна понуда на продуктен асортиман и претставуваат база за унапредување на работењето со население и МСП (retail).
Банката е активна на пазарот на капитал од 1996 година преку својата брокерска куќа НЛБ Тутунска брокер АД Скопје, која воедно е и основач на Македонската берза на хартии од вредност.
НЛБ Тутунска банка заедно со НЛБ д.д. од Љубљана се сопственици и основачи на Друштвото за управување со пензиски фондови - Нов пензиски фонд АД Скопје.
Потврда за успешното работење на НЛБ Тутунска банка се бројните меѓународни и национални награди, меѓу кои најистакнати се признанието за Банка на годината за 2006-та и 2003-та во Р.Македонија доделено од финансискиот магазин “The Banker” како и признанијата од Finance Central Europe за банка со најголем остварен профит во Македонија за 2002, 2003, 2004 и 2006 година и најдобра банка според поврат на капиталот (ROE) во 2005 година.
|