Почитувани партнери,
Со промена на називот и воведувањето на новата трговска марка започна и промотивна акција, прва потпишана со НЛБ Тутунска банка. Со неа на пошироката јавност и го претставуваме нашиот нов графички имиџ – помек, пољубезен и пооптимистички, загледан во утрешнината – и новиот корпоративен слоган, којшто наместо нашиот, го изразува гласот на клиентите – Знам зошто.
Новата рекламна акција го одразува не само новиот имиџ на НЛБ Тутунска банка, туку и новиот однос, којшто сакаме да го воспоставиме кон клиентите, кон НЛБ Групацијата и кон самата работа. Неа ја карактеризира посветеноста на сите нас кон квалитетот на работата што ја извршуваме секој ден, на преданоста кон компанијата којашто ја создаваме заедно и претставува гаранцијата за довербата на клиентите за кои работиме.
Ветувањето, коешто го даваме кон надвор е чекор којшто треба да заживее и одвнатре – остварување на долгорочната визија на НЛБ Групацијата, која ќе можеме да ја постигнеме само заедно.
Веруваме дека ветувањето што им го даваме на клиентите, ќе си го поставиме и себеси, со единствена желба, зацртаното и да го постигнеме. Така и самите секој ден повторно ќе можеме да кажеме: Знам зошто!
НЛБ Тутунска банка.
----------------------------------
Ветување за клиентите:
Секој ден сме му предадени на разбирањето на вашите потреби и желби.
За вас бараме ефикасни и квалитетни банкарски решенија,
се заземаме и упорни сме во нашата мисија.
Ви помагаме при постигнувањето на вашите цели,
му се радуваме на остварувањето на вашите желби.
Секогаш нудиме стручен, јасен и непристрасен совет, обликуван посебно за вас.
Нашето знаење и долгогодишното искуство го вложуваме во развојот на
финансиските услуги, во кои можете да имате доверба.
НЛБ Тутунска банка.
Знам зошто. |