Лични финансии / WESTERN UNION MONEY TRANSFER
WESTERN UNION MONEY TRANSFER

Брзиот раст на глобалната економија наметнува потреба за брз трансфер на пари без притоа да постојат просторни ограничувања.

 

Western Union Money Transfer претставува услуга што НЛБ Тутунска ја нуди за сите оние кои имаат потреба од брз трансфер на пари преку систем што овозможува испраќање на пари низ целиот свет.
Секое лице кое има потреба да испрати или да прими пари во готово може да го користи Western Union Money Transfer. На Вашите деца кои се едуцираат надвор од земјата, за сите оние кои патуваат туристички или деловно или ако сакате да им испратите финансиски средства на своите блиски можете тоа да го сторите за неколку минути на едноставен и сигурен начин.

 

За да испратите пари

 

•  Дојдете во експозитурите на НЛБ Тутунска банка и пополнете формулар за испраќање пари преку Western Union Money Transfer
•  За пополнетиот формулар ќе добиете потврда со контролен број
•  Известете го примачот за трансферот на пари и соопштете му го контролниот број и износот што сте го испратиле
•  Личноста што е назначена да ги прими парите во истиот момент може да ги подигне средствата
• Месечниот лимит за испраќање на парични средства изнесува до 2.500,00 ЕУР

 

За да примите пари

 

•  Испраќачот потребно е да ве извести кога ви се испратени пари преку агент на Western Union Money Transfer и на кој износ
•  Во експозитурите на НЛБ Тутунска банка пополнете го формуларот за подигање на пари
•  По проверка на контролниот број и вашите лични податоци, парите ќе ви бидат исплатени

 

За испраќање и/или подигање на пари потребен ви е документ за идентификација – лична карта, пасош или возачка дозвола.

 
 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007