Лични финансии / Картички / Visa
 
 
VISA International картички на НЛБ Тутунска банка
VISA
 

Од април 2007 година НЛБ Тутунска банка го прошири своето портфолио со 4 нови картички од програмата на Visa International.

VISA  International е систем во кој членуваат над 20.000 членки од 170 земји во светот, опслужуван со милион банкомати и со над 29 милиони продажни пунктови во кои се прифаќаат картичките на VISA International.

НЛБ Тутунска банка, како член на Visa International им овозможува на своите клиенти да ги користат привилегиите кои ги нудат овие картички.

Каква картичка можете да користите?
Во зависност од Вашите потреби изберете дебитна картичка или една од кредитните револвинг Visa картички.

Кредитни картички: Дебитна картичка:
Visa Classic Visa Electron
Visa Gold  
Visa Business  
   
Electron

Visa Electron е дебитна картичка наменета за широката популација и е најфлексибилна во нaчинот на издавање.

Visa Electron е основна идентификациона картичка која е поврзана со Вашата трансакциска сметка на која имате можност за пречекорување до две месечни плати.

Тоа е картичка со меѓународна важност на која е отпечатен бројот на трансакциската сметка.

За безготовинско плаќање на сите продажни места каде се прифаќаат картичките на Visa International, како и при подигањето готовина на банкоматите на НЛБ Тутунска банка не се наплатува провизија.
Visa картичките се прифаќаат на сите АТМ локации на кои е истакнат знакот на VISA

ClassicVisa Classic е картичка за широката популација, за лица кои остваруваат редовни приходи. Сопствениците на картичката можат да ја користат во земјата и во странство со одреден кредит - лимит кој банката го одобрува во зависност од кредитоспособноста на корисникот. Тоа е кредитна картичка за која не е потребен депозит.

Visa Classic е картичка наменета за физички лица, која на корисниците им овозможува голема финансиска флексибилност, комодитет и привилегии при користењето. Ова е револвинг картичка,  со можност за грејс период до 45 дена и минумум месечна отплата од само 5 % од вкупните трошоци направени во претходниот трошковен месец.
BusinessVisa Business е револвинг картичка која гласи на име на претпријатието. Можат да ја користат повеќемина вработени за различни цели, и тоа: за подмирување на секојдневни службени трошоци,  за деловни патувања во земјата и во странство или за подигнување готовина. На корисниците им се нуди можност за месечна отплата од само 10%, притоа користејќи грејс период до 45 дена.
GoldVisa Gold е картичка наменета за физички лица која според својот ексклузивитет, а од аспект на кредитниот и дневниот лимит, има третман на премиум картичка.
Тоа е револвинг картичка со минимална месечна отплата од 5% и грејс период до 45 дена. Наменета е за корисници кои имаат потреба да користат големи месечни лимити кои може да изнесуваaт до 250.000 МКД.
 

Сите картички од програмата на Visa International на НЛБ Тутунска банка се со чип технологија која овозможува поголема сигурност и превенција од злоупотреби, како и безбедност на податоците.

 

За сите подетални информации обратете се во најблиската експозитура на НЛБ Тутунска банка или на:

Телефонскиот број за поддршка на корисници: +389 2 3219 517;
Факс: +389 2 3219 519;
E-mail: helpdesk@tb.com.mk
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007