Лични финансии / Сметки / Трансакциска лична сметка / Основни информации

Трансакциска лична сметка
Основни информации

Дознајте што е трансакциска сметка и што треба да направите за да ја поседувате

Трансакциската сметка е мулти-валутна сметка на која може да имате и денари и девизи.

На трансакциската сметка се евидентира целокупниот промет, што значи дека доколку имате повеќе сметки во НЛБ Тутунска банка  (штедни книшки, кредитни или дебитни платежни картички и кредити), сите уплати и исплати од и кон нив мора да поминат преку трансакциската сметка.

Лесно е да се добие, едноставна е за работа и што е најважно - не носите готовина со вас, а доколку таа сепак ви е потребна, можете да ја подигнете на сите банкомати и во сите експозитури на НЛБ Тутунска банка.

Зошто Ви е потребна трансакциска сметка?
- мулти-валутна сметка
- нуди широк спектар на можности за безготовинско плаќање
- можете да располагате со Вашите средства во секое време
- можете да купувате на рати
- можност за плаќање на Вашите режиски трошоци преку траен налог

Како се плаќа?
Преку трансакциската лична сметка, се плаќа со:
-  ИДЕНТИФИКАЦИОНА ДЕБИТНА КАРТИЧКА (Visa Electron)
-  НАЛОГ ЗА ПРЕНОС, кој се користи при вирманско плаќање од вашата трансакциска   сметка и за кое треба да постои Ваш писмен налог
НЕГАРАНТИРАНИ ЧЕКОВИ
-  Maestro ДЕБИТНА КАРТИЧКА – за плаќање на рати

Кој може да отвори трансакциска сметка?
Трансакциска лична сметка може да отвори секое физичко лице
За да отворите своја лична сметка треба да ги пополните потребните обрасции да дојдете во најблиската експозитура на НЛБ Тутунска банка.

НЛБ Тутунска банка за сите свои постојни клиенти кои имаат еден од продуктите во Банката: тековна сметка, дебитна картичка, кредитна картичка, кредит за население или депозит, автоматски им отвори трансакциска лична сметка.
Клиентите кои досега земале плата, пензија, хонорари или други примања во денари на штедна книшка, отсега задолжително ќе ги примаат на трансакциската лична сметка.

НЛБ Тутунска банка ги поканува сите свои клиенти да потпишат Барање и Договор за трансакциска сметка во матичната / најблиска експозитура и подетално да се информираат за измените во начинот на работење со сметките на физичките лица согласно новиот Закон за платен промет.

Со трансакциската лична сметка право да располага има:
•  депонентот (имателот на сметката);
•  ополномоштеник / законски застапник, лице кое депонентот ќе го овласти да располага со неговата сметка;
•  Банката, во границите на овластувањата кои ќе бидат писмено дадени од депонентот;

Што ако ја загубите Вашата идентификациона
Visa Electron картичка?
Губењето го пријавувате во најблиската експозитура на НЛБ Тутунска банка или на телефонскиот број 02 / 3219 517.
Банката ќе Ви ја блокира и ќе Ви издаде нова картичка.

Колкав лимит може да добијам?
Состојбата - салдото на трансакциската сметка при однапред утврдени договорени услови оправдано може да премине во дозволено пречекорување.

Пречекорувањето, зависно од проценката на НЛБ Тутунска банка, може да изнесува во висина до две месечни плати.

За состојбата на сметката и промените на истата во текот на месецот можете да се информирате преку извод кој може да го добиете во секоја експозитура на НЛБ Тутунска банка или на веб страната www.nlbtb.com.mk
На средствата на трансакциската сметка (позитивно салдо) Банката пресметува и плаќа камата од 1% на годишно ниво.

 
<< назад
 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007