Лични финансии / Сметки / ТЕКОВНА СМЕТКА
ТЕКОВНИ СМЕТКИ

Дознајте што е тековна сметка и што треба да направите за да ја поседувате.

Лесно е да се добие, едноставна е за работа и што е најбитно- не носите готовина со вас, а доколку таа сепак ви е потребна, можете да ја подигнете во сите експозитури на НЛБ Тутунска банка.


Зошто Ви е потребна тековна сметка?
- нуди широк спектар на можности за безготовинско плаќање,
- плаќање на сметки и комуналии, стока и услуги,
- доколку сакате да купите фрижидер или нов телевизор на рати,
- можете да склучите договор и да и дадете траен налог на НЛБ Тутунска банка, и ние      од Вашите средства ќе плаќаме редовни трошоци како што се: обврски спрема Топлификација, електрична енергија и слично.

Како се плаќа?
Преку тековна сметка, се плаќа со:
- ЧЕК, за чија исплата гарантира Банката, или
- НАЛОГ ЗА ПРЕНОС, кој се користи при вирманско плаќање од вашата тековна сметка и за кое треба да постои Ваш писмен налог.

Кој може да отвори тековна сметка?
Банката отвора тековни сметки на вработени, граѓани, пензионери, приматели на инвалиднина и граѓани кои остваруваат доход по било кој основ.
Тековната сметка на граѓанинот може да гласи само на едно лице - на едно име.

Со тековната сметка право да располага има:
•  депонентот (имателот на тековната сметка);
•  ополномоштеник, лице кое депонентот ќе го овласти да располага со неговата сметка;
•  Банката, во границите на овластувањата кои ќе бидат писмено дадени од депонентот;

Доколку сте вработени Вашата фирма поднесува писмено барање за исплата на плати преку тековни сметки.

Доколку сте пензионер или примател на инвалиднина поднесувате писмено барање и согласност од Републичкиот Фонд за пензиско и инвалидско осигурување, дека пензијата редовно ќе ја уплатуваат на тековната сметка во НЛБ Тутунска банка.

А постојат и индивидуални тековни сметки-Секој кој ќе поднесе барање за ваква тековна сметка пополнува потребни обрасци, а Банката врши оцена за редовноста на доходот кој го остварува. 

Што е потребно за да отворите Ваша тековна сметка?
Треба да поднесете барање, потпишете Договор за работење со тековна сметка и пристапница и НЛБ Тутунска банка ќе ви изработи Чековна картичка.

Чековната картичка е личен документ кој со личната карта го потврдува Вашиот идентитет и сопственост на тековната сметка.

Сите податоци кои се однесуваат на тековните сметки се тајни и може да Ви се соопштуваат само Вам или на Вашиот ополномоштеник.

Колку?
Понатамошното издавање на бројот на чековите ќе зависи од бонитетот, како и оценка заснована на сознанија од редовното работење.

Состојбата - салдото на тековната сметка при однапред утврдени договорени услови оправдано може да премине во дозвоено прекорачување.

Пречекорувањето, зависно од проценката на НЛБ Тутунска банка, може да се однесува на еден до два лимити (т.е. во висина од една или две месечни плати).

За состојбата на тековната сметка и промените на истата во текот на месецот можете да се информирате преку извод.

На средствата на тековна сметка (позитивно салдо) Банката пресметува и плаќа камата од 1% на годишно ниво

Што ако ја загубите Чековната картичка или чековите?
Губењето го пријавувате во НЛБ Тутунска банка. Во пријавата се наведува што е изгубено: бројот на чековната карта, бројот на личната карта, бројот на чековите, презиме и име, година и место на раѓање и адреса.

Исчезнатите чекови и чековната карта веднаш ги огласувате за неважечки во “Службен весник на РМ” а истовремено ги пријавувате и во Министертвото за внатрешни работи. Периодот за огласување трае 30 дена,

По поминувањето на рокот за огласување и добивањето на нова лична карта, НЛБ Тутунска банка ви издава нова чековна карта со нов број.

 

 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007