|
|
|
| Сефови |
 |
|
За предмети од вредност, документи, хартии од вредност и други материјали за кои ви е потребна сигурност, дискреција и тајност можете да закупите сеф.
Со сефовите на НЛБ Тутунска банка добивате:
• сигурност на предметите кои се чуваат во сефот
• сигурност на просториите каде се наоѓа сефот
• посебна просторија наменета за манипулација со сефот
• тајност на податоците и дискреција при употребата
Согласно вашите потреби и желби можете да бирате помеѓу сефови со следните димензии: |
|
Димензии на сеф (см) |
Месечен закуп (МКД) |
Годишен закуп (МКД) |
98 х 330 х 505 |
210,00 |
2.100,00 |
233 х 300 х 505 |
294,00 |
2.940,00 |
315 х 300 х 505 |
336,00 |
3.360,00 |
|
|
НЛБ Тутунска банка на ваше барање може да изврши осигурување на содржината на сефот кај осигурителна компанија.
Сефот се отвора со два клуча од кои едниот е кај вас, а другиот во Банката. Во случај да го загубите клучот, за тоа веднаш треба да ја известите Банката со цел да се изврши измена на бравата.
Во сефот не е дозволено да се чуваат запаливи и предмети подложни на експлозија, радиоактивни материи, оружје, предмети подложни на распаѓање, расипување, разлевање или предмети за кои постои забрана за промет со закон или други прописи.
Закупувањето на сефот не може да биде пократко од 30 дена. Со поднесување на писмено барање најмалку 8 (осум) дена пред истекот на рокот на закупот може да го продолжите рокот на користење на сефот под закуп.
Доколку не го откажете сефот најмалку 15 (петнаесет) дена пред истекот на договорениот рок, закупот продолжува автоматски за исто времетраење како претходно договореното.
Потребни документи за изнајмување на сеф се документ за идентификација (лична карта) и Договор за закуп на сеф.
Сефовите се сместени во просториите на Дирекцијата на Банката и во експозитурата на НЛБ Тутунска банка во Битола. |
|
|
|
|
|
|
|
| Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007 |
|
|
|
|