Лични финансии / Сметки / ДЕВИЗНА СМЕТКА
Девизна сметка

Девизна сметка за резиденти

 

Девизна сметка може да отвори секое физичко лице резидент на Република Македонија. Вашата девизна сметка ќе ви користи за примање уплати од странство, за плаќање фактури во странство, но и како инструмент за штедење пришто добивате камата на средствата вложени на сметката. Уште повеќе, средствата на девизната сметка може да ги користите како обезбедување за кредит или како депозит за кредитна картичка.

Процедурата за отварање девизна сметка е едноставна и брза. Сe што ви е потребно е документ за идентификација (лична карта/пасош).

Девизна сметка може да се отвори и на име на малолетно лице, ако притоа како ополномоштеник се назначи негов родител/старател. За идентификација потребно е да се приложи извод од матична книга на родените за малолетното лице.

 

 

Сметки за нерезиденти

 

Нерезиденти може да отворат денарска и девизна сметка и да ја користат за финансиски трансакции во земјата и странство (уплати и исплати) во домашна и странски валути.

Постои законско ограничување при користење на девизна сметка пришто месечниот лимит што во готово може да се повлече од сметката во период од 30 дена и не смее да надминува 10.000 ЕУР.

Потребна документација за отворање сметки на нерезиденти е документ за идентификација–пасош.

 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007