Лични финансии / Штедни влогови / ДЕВИЗЕН ШТЕДЕН ВЛОГ
Девизен штеден влог

Кој?
Сопственик на девизен штеден влог може да биде:

•  Домашно физичко лице (македонски граѓанин со место на живеење во РМ),
•  Македонски граѓанин на привремена работа во странство,
•  Иселеник на РМ,
•  Странско физичко лице со место на живеење во РМ и во странство .
Освен нив, девизни штедни влогови можат да имаат и малолетни лица под старателство, а отворени од страна на законскиот застапник или старател, членови на семејството, како и кое било друго лице со уплата од странство (лоро дознака).

Колку?
На домашните и странски физички лица со девизни штедни влогови и девизни сметки, НЛБ Тутунска банка ја пресметува каматата во девизи, а по нивно барање и во денари. Висината на каматната стапка зависи од валутата и од рокот на орочување на штедниот влог.

Вид на девизи % на штеден % за орочени штедни влогови
влог неорочен 1 месец 3 месеци 6 месеци 9 месеци 12 месеци
ЕУР
0.80 1.50 2.00 2.20 2.50 2.80
0.60 1.50 2.00 2.30 2.60 3.00
0.10 0.40 0.50 0.60 0.70 0.80
0.70 1.00 1.20 1.40 1.60 1.80
УСД
ЦХФ и
Останати валути

*Ефективната каматна стапка на депозитите е идентична со номиналната.

Освен тоа...

Денарските и девизните депозити можат да се користат и наменски, односно како обезбедување за кредит. Депонентот може да достави барање за паричен кредит со рок на отплата до 20 години и грејс период до една година.

Каматните услови за кредитот се:

•  3,5% годишна камата за кредити до 10.000 ЕУР или
•  3,0% годишна камата за кредити над 10.000 ЕУР

односно

3,0% годишна камата за кредити до 500.000 МКД или
2,5% годишна камата за кредити над 500.000 МКД

Девизниот штеден влог може да се искористи и како обезбедување за користење на хипотекарен или станбен кредит со поповолна каматна стапка. Доколку обезбедувањето за кредитот е 1/3 депозит:

•  За станбениот кредит каматната стапка е 6,5%
•  За хипотекарниот кредит – 7,5%

За депонентите кои вложуваат поголеми девизни износи, НЛБ Тутунска банка овозможува штедење по договорна камата, стимулативна за депонентот.

Што уште добивате?

За Вашиот штеден влог, НЛБ Тутунска банка гарантира со сопствениот гарантен капитал.

Штедните влогови се осигурени во Фондот за осигурување на депозити, а фондот ги обесштетува физичките лица во висина од:

•  100% од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарска противвредност на ЕУР 10.000
•  90% од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарска противвредност меѓу ЕУР 10.000 и ЕУР 20.000, но не повеќе од денарска противвредност на ЕУР 20.000.
 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007