Лични финансии / Штедни влогови / ДЕНАРСКИ ШТЕДЕН ВЛОГ
Денарски штеден влог

Денарските штедни влогови се ненаменски и можат да бидат по видување или орочени.

•  Депозити по видување се сите средства депонирани во Банката, со кои депонентот може да располага без ограничување.

•  За орочени депозити без намена се сметаат средствата депонирани во Банката, за кои депонентот посебно не ја договорил намената и со кои може да располага по истекот на определениот временски рок. Тие можат да бидат орочени на 15 дена, или на еден, 3, 6, 9, 12, 24 или 36 месеци.

Кој?

Со средствата на штедниот влог располага вложувачот, односно лицето на кое гласи штедниот влог, или:
•  законскиот застапник
•  старателот
•  овластеното лице-ополномоштеникот, кој може да биде овластен од страна на законскиот застапник за еднократно или постојано полномошно.

Колку?

Висината на каматната стапка на НЛБ Тутунска банка зависи од рокот на орочување на штедниот влог, а каматите на орочените штедни влогови се исплаќаат месечно, квартално, полугодишно и годишно, или по истекот на рокот.

  ГОДИШНО
По видување 1,0%
15 дена 2,7%
1 месец 5,5%
2 месеци 6,0%
3 месеци 6,5%
6 месеци 7,2%
12 месеци 7,5%
24 месеци 8,0%
36 месеци 8,5%

*Ефективната каматна стапка на депозитите е идентична со номиналната.

 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007