Лични финансии / Кредитирање на население / Автомобилски кредит
Автомобилски кредит Калкулатор »
Сонувате за нов автомобил?
Oстварете ги вашите соништа со Автомобилските кредити на НЛБ Тутунска банка.

Како?
Сe што треба да направите е да пресметате колку ви треба за да го возите вашиот автомобил од соништата, да пополните апликација за автомобилски кредит и сите потребни и пополнети документи да ги доставите во некоја од нашите експозитури или кај вашиот авто-дилер.

Што е потребно?
За да добиете автомобилски кредит потребно е да имате редовни месечни примања, да запишете хипотека на недвижен имот во корист на НЛБ Тутунска банка или да го ставите под залог автомобилот што посакувате да го набавите.

Што добивате?
- Кредит за бараниот износ по многу поволни услови
- Бесплатна Visa Classic  кредитнa картичкa

 
Автомобилски хипотекарен кредит (Апликација)
Максимален износ Мах. 50.000 ЕУР
Каматна стапка 7,5% годишна каматна стапка (СВТ од 7,81% до 8,16%)
6,5% годишна камата за кредити со 1/3 дев. депозит (СВТ од 6,74% до 7,09%)
Рок на отплата До 10 години
Грејс период 12 месеци
Манипулативен
трошок
6.000 мкд еднократна провизија
Останати трошоци - 2.000,00 МКД трошоци за проценка
- 1 меница од 500,00 МКД
- трошоци за осигурување согласно Тарифите на осигурителното друштво до конечно измирување на обврските на кредитот
- нотарски трошоци за Договорот за залог согласно Тарифата за нотарска тарифа
- трошоци во врска со упис на залогата согласно Тарифите на соодветната јавна книга (судот или катастарот), во износ на реална вредност на тие трошоци
Провизија за
предвремена отплата
Без провизија на предвремено отплатениот дел од кредитот
Услов 1. Редовно вработување и хипотека со оцена на атрактивност 8, 9 и 10
2. Редовно вработување и хипотеки со оцена на атрактивност 6 и 7 и задолжително исполнет услов за кредитоспособност:
- За клиенти кои примаат плата преку НЛБ Тутунска банка со личен доход < 15.000 МКД рата =<1/3 од личен доходж
- За клиенти кои примаат плата преку НЛБ Тутунска банка со личен доход > 15.000 МКД рата =< 1/2 од личен доход
- За клиенти кои не примаат плата преку НЛБ Тутунска банка - Редовно вработување и исполнет услов рата=< 1/3 од личен доход

Без жиранти
Без кокредитобарател/и (може да се вклучат по потреба)
Обезбедување Хипотека на недвижен имот (од 1,4:1 до 3:1)
Меница од барателот (ко-кредитобарателот/те)

Наменски кредити набавка на автомобили обезбедени со залог на возилото (Апликација)
Максимален износ До 50.000 ЕУР
Каматна стапка 6,5% год. за кредит со девизен депозит >20% (СВТ 6,76%-7,09%)
7,0% год. за кредит со учество >= 30% (СВТ 7,29%-7,62%)
7,5% год. за кредит со учество помало од 30% (СВТ 7,83%-8,16%)
Рок на отплата До 84 месеци
Манипулативен
трошок
6.000 мкд еднократна провизија
Останати трошоци - 1 меница од 500,00 МКД
- трошоци за осигурување согласно Тарифите на осигурителното друштво до конечно измирување на обврските на кредитот
- нотарски трошоци за Договорот за залог согласно Тарифата за нотарска тарифа
- трошоци во врска со упис на залогата согласно Тарифите на соодветната јавна книга (судот или катастарот), во износ на реална вредност на тие трошоци
Провизија за
предвремена отплата
Без провизија на предвремено отплатениот дел од кредитот
Услов Минимално учество:
10% за возила со вредност до 16.000 еур
20% за возила со вреднсот над 16.001 еур

1. Редовно вработување со услов за кредитоспособност 1рата =< 1/3 од месечен приход
2. Редовно вработување, при што ако месечен приход=>20.000 мкд, услов 1 рата =< 1/2 од месечен приход

Без жиранти
Без ко-кредитобаратели/и (може да се вклучат по потреба)
Обезбедување Залог на возилото кое се набавува
Административна забрана (може, но не е предуслов) и меница од барателот (ко-кредитобарателот/те).

Виолетов автомобилски кредит (Апликација)
Максимален износ 70% од фактурната вредност на возилото
Мах. 740.000 МКД
Каматна стапка 9,9% годишна камата за вработени во јавна администрација и претпијатија прифатливи за Банката кои примаат плата преку НЛБ Тутунска банка (СВТ од 11,18% до 14,64%)
10,5% годишна камата за вработени во јавна администрација и претпријатија прифатливи за Банката кои не примаат плата преку НЛБ Тутунска банка (СВТ од 11,85% до 15,32%)
Рок на отплата До 72 месеци
Манипулативен
трошок
2,0% еднократна провизија од износот на кредитот, минимум 2.500 МКД, максимум 35.000 МКД
Останати трошоци - трошоци за 1 меница од 100,00 МКД за кредити до 100.000,00 МКД, или 1 меница од 200,00 МКД за кредити до 200.000,00 МКД или 1 меница од 500,00 МКД за кредити над 200.000,00 МКД
- трошоци за интеркаларна камата: во периодот од денот на искористувањето на кредитот па до денот на ставање на кредитот во отплата, Банката пресметува и наплатува интеркаларна камата по каматна стапка по која е одобрен кредитот и која се наплаќа на денот на искористувањето на кредитот. Истата е пресметана на денот на изготвување на договорот за кредит и може да варира до денот на исплатата на кредитот
Провизија за
предвремена отплата
2,0% на предвремено отплатениот дел од кредитот
Услов 1. Редовно вработени во јавна администрација и претпријатија прифатливи за Банката
2. Редовно вработени во компании и институции со кои Банката ќе склучи посебен договор за кредитирање на вработените

1 рата =< 1/3 од личен доход (плата+храна и превоз)

- За клиенти кои примаат плата преку НЛБ Тутунска банка со личен доход > 40.000 МКД за кредити до 430.500 МКД-без жиранти, за кредити над 430.500 МКД - 2 жиранти
- За клиенти кои примаат плата преку НЛБ Тутнска банка со личен доход < 40.000 MKД, за кредити до 307.500 МКД-без жиранти а за сите останати 2 жиранти
Обезбедување Административна забрана
Меница од барателот (и жирантите)

Наменски кредит за набавка на автомобили обезбедени со залог на возилото за пензионери (Апликација)
Максимален износ до 50.000 еур
Каматна стапка 6,5% за кредит со девизен депозит >20% (СВТ 6,76%-7,09%)
7,0% за кредит со учество >=30% (СВТ 7,29%-7,62%)
7,5% за кредит со учество < 30% (СВТ 7,83%-8,16%)
Рок на отплата до 72 месеци
Манипулативен
трошок
6.000 мкд еднократна провизија
Останати трошоци 1 меница од 500,00 МКД
- трошоци за осигурување согласно Тарифите на осигурителното друштво до конечно измирување на обврските на кредитот
- нотарски трошоци за Договорот за залог согласно Тарифата за нотарска тарифа
- трошоци во врска со упис на залогата согласно Тарифите на соодветната јавна книга (судот или катастарот), во износ на реална вредност на тие трошоци
Провизија за
предвремена отплата
Без провизија на предвремено отплатениот дел од кредитот
Услов Минимално учество:
10% за возила со вредност до 16.000 еур
20% за возила со вредност над 16.001 еур

1. Максимум до 70 год.старост до рок на отплата на кредитот
2. Потврда за износ на пензија за барателот со услов за кредитоспособност 1 рата <= 1/3 од пензија
3. 2-ца жиранти вработени во компании и институции прифатливи за Банката
4. Без ко-кредитобаратели (по потреба може да се вклучи сопружникот кој може да биде во редовен работен однос, или да е пензионер)
Обезбедување Залог на возилото кое се набавува
Административна забрана од жирантите (ко-кредитобарателот)
Меница од барателот и жирантите (ко-кредитобарателот)


 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007