Maestro® е наменета за широка популација, најфлексибилна во нaчинот на издавање.
Со Maestro® картичката може да располага секој, започнувајќи од средношколската популација, па до пензионерите, а лица помлади од 16 години можат да користат овластена картичка.
Maestro® е денарска картичка со меѓународна важност. Со Maestro® картичката секоја безготовинска трансакција над 1.500 МКД можете да ја платите на 3 или на 6 рати. За трансакциите од 1.500,00 до 6.000,00 МКД кои се плаќаат на 3 рати, не се пресметува камата. На банкоматите на НЛБ Тутунска банка користењето на картичката е без провизија, како и безготовинските плаќања насекаде во светот.
Maestro® картичката е поврзана со вашата тековна сметка со можност за дозволено пречекорување.
MasterCard® Light е наменета за сегментот тинејџери и млада возрасна популација од 16 до 35 години, група иноватори и тренд сетери. MasterCard® Light претставува младинска кредитна картичка и со неа можете да плаќате на сите продажни места во земјата и во странство каде е истакнат знакот на MasterCard®. Тоа е картичка за која не е потребен депозит. Со неа секоја трансакција над 1.500,00 МКД реализирана на продажно место или при подигнување на готовина на банкомат може да се плати на 6 рати.
Standard MasterCard® е картичка за широка популација, но за лица кои остваруваат редовни приходи. Имателите можат да ја користат картичката во земјата и во странство со одреден кредит - лимит кој банката го одобрува на корисникот во зависност од неговата кредитоспособност. Тоа е кредитна картичка за која не е потребен депозит. Со неа, секоја безготовинска трансакција над 3.000 МКД може да се плати на 6,12 и 24 рати на било кое продажно место со знакот на MasterCard®.
MasterCard GoldCard™ е картичка наменета за физички лица, со која на корисниците им се овозможува голема финансиска флексибилност, комодитет и привилегии при користењето.
Тоа е картичка која се издава на корисници што имаат потреба да користат големи месечни лимити кои може да изнесуваaт до 250.000 МКД. Gold MasterCard™ според својот ексклузивитет, а од аспект на кредитниот и дневниот лимит, има третман на премиум картичка.
MasterCard BusinessCard™ е картичка која гласи на име на претпријатието, а можат да ја користат повеќемина вработени за различни цели, како за подмирување на секојдневни службени трошоци, така и за деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина на повеќе од 900.000 банкомати во светот. Со MasterCard BusinessCard™ добивате можност да патувате безгрижно и сигурно во кој било дел од светот.
Што Ви овозможува вашата платежна картичка-MasterCard® International?
• Да патувате безгрижно и сигурно.
• Да бидете препознатливи во над 32 милиони продажни места ширум светот.
• Да се чувствувате дoбредојдени во најдобрите хотели, ресторани, трговски центри, авионски компании, рент-а-кар агенции и многу други продажни места.
• Да плаќате насекаде без провизија.
• Да подигате готовина во банки и на повеќе од 900 000 банкомати во земјата и во странство.
• Да купувате на рати.
• Надвор од земјата да плаќате во странски валути, а трошоците да ги подмирувам во денари.
• Дополнителни картички, колку сакате и за кого сакате
А, освен тоа...
• Подигање готовина во секое време, на сите банкомати на кои стои знакот на MasterCard®.
• Подигање готовина со Maestro® картичките на банкомати на НЛБ Тутунска банка, без провизија.
• Мoжност за прецизно лоцирање на банкомати ширум светот преку интернет, секогаш кога патувате.
• Информации, издавање и поддршка на корисниците низ 23 експозитури на НЛБ Тутунска банка.
• Можност за проверка на извршените трансакции со вашата картичка преку електронското банкарство на НЛБ Тутунска банка.
Што уште треба да знаете за вашата картичка?
• Картичката се користи на сите места на кои е истакнат знакот на MasterCard® International.
• Со подигањето, секој корисник треба да ја потпише картичката своерачно, на делот на задната страна на картичката наменет за тоа.
• Корисникот на кредитната картичка може да ги користи средствата расположливи на сметките на картичката, во рамките на лимитот, но и депонираните средства без каматни трошоци, со единствена можност картичката да добие функција на дебитна картичка.
• Корисникот на Maestro® картичката може да располага со средствата на тековната сметка во Банката која се отвора за таа намена.
• За сите направени трансакции во земјата или во странство, корисникот се задолжува во денари.
• Месечни извештаи се доставуваат по пошта со рок за плаќање од 15 дена.
• По истекот на рокот на важење, картичката треба да се врати во матичната експозитура.
• Замена на картичките се врши доколку се исполнети Општите правила и услови за користење на картичка, како и потпишаните договори или доколку корисникот не ја откаже.
• Овозможена е 24-часовна служба за поддршка на корисниците на тел: +389 2 3219 517.
Како можете да ја заштитите вашата картичка?
• Заштитата на картичката, пред сe, ја обезбедува самиот корисник, а дополнителна заштита овозможува ПИН кодот.
• ПИН кодот служи за лична идентификација и заштита при подигање готовина од банкомат, во банка или при вршење на некои безготовински плаќања низ продажната мрежа.
• ПИН-от се изработува за секој корисник посебно и му е познат исклучиво на корисникот на картичката. Заради тоа потребно е да ја обезбедите тајноста на ПИН-от.
• Крајно небезбедно е запишувањето на ПИН-от на картичката или неговото чување близу картичката. Најстрого е забрането позајмување или давање на ПИН-от и на картичката на друго лице.
За сите подетални информации обратете се во мрежата на експозитури на НЛБ Тутунска банка.
Поддршка за корисници: +389 2 3219 517;
Факс: +389 2 3219 519;
E-mail: helpdesk@tb.com.mk |