Член 1
Член на Динерс Клуб Интернационал - МАК д.о.о. (во понатамошниот текст Динерс Клуб) може да биде секое полнолетно лице кое има живеалиште или престој на територијата на Македонија, под услови да може сигурно и на време да ги подмирува трошоците и обврските кои настанале со користењето на НЛБ Тутунска банка - Динерс Клуб картичката и да може да ги задоволува останатите услови утврдени со овој Правилник (во понатамошниот текст ОСНОВЕН ЧЛЕН).
Член на Динерс Клуб може да биде лице од потесното семејство кое не ги исполнува условите предвидени во став 1 на овој член ако основниот член се согласи да го прифати како дополнителен член.
Основниот член може во секое време да го отповика од членството во Динерс Клуб дополнителниот член, меѓутоа одговараат солидарно за сите настанати трошоци од користењето на картичката.
Член 2
Членот на Динерс Клуб - корисникот на картичката, со важност за цел свет, должен е да има девизна сметка или книшка со која може да располага во секое време.
Член 3
За зачленување на нови членови потребно е да бидат комплетирани сите документи, според упатството за прием во членство и заедно со уредно пополнета молба, во знак на прифаќање на Општите правила за зачленување и користење на НЛБ Тутунска банка – Динерс Клуб картичка, доставени лично или по пошта до комисијата за прием на членови. Некомплетните молби нема да бидат разгледани.
Член 4
Членот на Динерс Клуб е должен по писмен пат да му јави на Динерс Клуб, во рок од 8 дена за секоја промена на адресата, вработувањето, деловноста како и за други важни податоци за користење на картичката.
Пропуштањето на овие обврски повлекува примена на санкции според член 9 од Општите правила за членство.
Член 5
За прием во членство на Динерс Клуб одлучува посебна Комисија, со право на сопствена проценка.
Подносителот на молбата им дозволува на НЛБ Тутунска банка и Динерс Клуб да ги проверат сите наведени податоци, како и да присоберат дополнителни информации за основниот и дополнителниот член. При тоа не се должни да дадат образложение во случај кога молбата не е позитивно решена.
Член 6
НЛБ Тутунска банка - Динерс Клуб картичката е сопственост на Динерс Клуб и како таква се користи со согласност на сопственикот и Правилата за користење на картичката.
Секоја неовластена и незаконска употреба на картичката е казнива. На барање на лицето од продажното место, корисникот на кредитната картичка е должен да даде на увид исправа за идентификација.
Член 7
Картичката е непренослива (може да ја користи само лицето на чие име е издадена) и важи до датумот назначен на самата картичка, а се обновува доколку членот и корисникот се придржуваат кон овие правила.
Во спротивно, Динерс Клуб има право да не ја обнови, временски да ја ограничи или да ја одземе картичката.
Член 8
Во случај на губење или кражба на НЛБ Тутутнска банка – Динерс Клуб картичката корисникот е должен веднаш да ја извести централата на Динерс Клуб во Скопје, или најблизок Динерс Клуб во странство за губење или кражба на картичката, поради спречување на нејзина злоупотреба.
Корисникот на картичката е должен да води сметка за датумот на важноста на истата кој е означен на самата картичка (VALID THRU), па доколку не прими обновена картичка до крајот на месецот кој е означен како важност на картичката должен е за тоа да ја извести НЛБ Тутунска банка или Динерс Клуб-МАК д.о.о.
Во горенаведените случаи на став 1 и 2 на овој член, членот сноси финансиска одговорност за последиците од злоупотребата на картичката се до моментот на писменото известување за губитокот или кражбата на картичката, после кое финансиската одговорност паѓа на товар на Динерс Клуб.
Член 9
Динерс Клуб може во секое време да го откаже членството, доколку членот не се придржува кон обврските превземени со овие Правила.
При отказот членот е должен пресечената картичка веднаш да ја врати на Динерс Клуб, лично или со препорачана пошта.
Членот на Динерс Клуб ги сноси сите евентуални трошоци на одземање на картичката.
Членството во Динерс Клуб членот може да го откаже со писмен отказ во секое време, без образложение и должен е да ги подмири сите долгови направени со НЛБ Тутунска банка – Динерс Клуб картичката по доспевање на долгувањата.
Во тој случај нема право на враќање на членарината за тековната година.
Обновувањето на картичката за следната година треба да се откаже најмалку еден месец пред истекот на нејзината важност, а во спротивно картичката се обновува автоматски, при што се пресметува и наплатува членарина.
Член 10
Со цел да го заштити својот начин на работа или од други оправдани причини Динерс Клуб може да ги измени Правилата и условите за членство во Динерс Клуб.
За измени и дополнувања на овие правила членот ќе биде известен по писмен пат, па доколку писмено не го откаже членството ќе се смета дека промените ги прифатил.
Член 11
Членот на Динерс Клуб при зачленувањето плаќа еднократна уписнина и годишна членарина, која се пресметува за секоја тековна година, за секој поединечен корисник на кредитната картичка.
Новиот член на Динерс Клуб ги плаќа уписнината и членарината при подигање на картичката.
Трошоците за издавање на нова картичка, после кражба, губење или оштетување, како и трошоците за исплата на награда на доносителот на картичката ги сноси членот.
Член 12
Корисникот на картичката може да ги користи условите кои продажното место им ги нуди на сите купувачи со исти цени и услови и тоа на сите продажни места кои се вклучени во продажната мрежа на Динерс Клуб со безготовинско плаќање.
Динерс Клуб и НЛБ Тутунска банка не сносат никаква одговорност ако продажното место, од било која причина не ја прими НЛБ Тутунска банка – Динерс Клуб картичката, но во тој случај бараат соодветно известување.
На барање на членот, Динерс Клуб ќе го извести на кои места во странство ќе може да подигнува готовина и под кои услови.
Член 13
Корисникот е должен секое пресметковно ливче (слип) за купена стока или услуга да го провери и потпише.
Сите согледани неисправности на пресметковното ливче, корисникот ги рекламира непосредно на продажното место при купувањето, односно користењето на услугата.
По потпишувањето на пресметковното ливче корисникот е должен да побара еден примерок за себе, кој му служи за контрола на износот на трошоците, бидејќи со сметката која ќе му биде доставена нема да бидат приложени копии од пресметковните ливчиња.
Сите дополнителни информации членот ги решава непосредно со продажното место и при тоа не смее да го одлага плаќањето на сметката.
Член 14
НЛБ Тутунска банка доставува сметка на основниот член, кој е со обврска да ги плаќа и трошоците на дополнителниот член. Дополнителниот член е солидарен должник.
Сметките се доставуваат два пати месечно, на адресата која ја наведува основниот член.
За сметките кои не се платени во рокот кога доспеале, наведен во сметките, се пресметува законска затезна камата чија висина е искажана во секоја сметка. Доколку уплатата биде после промената на стапката на законската затезна камата, ќе се применува променетата стапка на затезната камата за целото време од доспеаноста до плаќањето.
По неизмирување на втората сметка картичката се стопира, а долгот се наплатува по присилен пат.
Сите сметки се доставуваат со писмо, со обична пошта.
Домашните трошоци се плаќаат во МКД, а девизните трошоци се плаќаат во ЕВРА на девизната сметка на членот во НЛБ Тутунска банка.
Членот се обврзува, врз основа на направениот трошок, да изврши уплата во рок од 30 дена од денот на извршеното купување или користење услуга, иако не ја примил редовната сметка од НЛБ Тутунска банка.
Се смета дека долгот е подмирен кога средствата ќе стасаат на сметката на членот во НЛБ Тутунска банка.
Член 15
На посебно означени места за исплата на готовина, кои се вклучени во мрежата на Динерс Клуб, членот може да побара исплата на готовина, за која која ќе му биде пресметана провизија. При подигањето на готовина на банкоматите со внесување на персоналниот идентификационен број (ПИН) корисникот ја потврдува трансакцијата на место со потписот.
Корисникот е должен да го чува ПИН-от како тајна и одвоено од картичката. Во случај на злоупотреба на картичката со користење на ПИН-от, ќе се смета дака корисникот го дал бројот и дека дал согласност за трансакција, па тој трошок е на негов товар.
Член 16
Рекламацијата на сметката, членот е должен да ја направи по писмен пат во рок од 8 (осум) дена од денот на доспеаност на сметката, на која се однесува рекламацијата. Во спротивно ќе се смета дека членот ги признава трошоците наведени во сметката.
Член 17
Во случај на спор, месно надлежен е судот во Скопје |