Што е електронско банкарство?
Електронското банкарство на Тутунска е систем кој Ви овозможува брзо и безбедно вршење на електронска трансакција (безготовинско плаќање), без притоа да доаѓате на шалтерите на Тутунска. Освен тоа, оваа услуга Ви овозможува брзо и безбедно да реализирате безготовински налог од платен промет во земјата, да добиете извод и информации за состојбата на Вашата сметка или за статусот на налозите во банката, како и известувања за приливи и одливи на Вашата сметка.
Што добивате?
Заштеда на време и пари, трансакции од Вашето работно место, со поевтина реална провизија отколку за налози донесени на шалтер
Брз и безбеден платен промет
Постојан увид во состојбата на Вашата сметка
Што е потребно?
За да ја користите оваа услуга на Тутунска, потребн и Ви се:
Персонален компјутер
Интернет пристап
Модем
Пакет кој содржи ЦД за инсталација, дигитален сертификат и упатство (го обезбедува Банката)
Смарт картичка и читач на смарт картички (за електронски плаќања-ги обезбедува Банката)
А за да се пријавите на E-banking системот, доволно е да ја пополните основната форма на пристапница, составена од прашалник за пријава на нов корисник и два договори за регулирање на меѓусебните права и обврски.
Овие документи можете да ги подигнете на шалтерите на Тутунска, или да извршите нивен download на веб-страницата http://pp.tb.com.mk/meni5.htm .
По нивното пополнување, се што треба да направите е да ги заверите со печат и потпис на овластено лице и да ги доставите на шалтерите на Тутунска , или по пошта на адреса “ 12-та Ударна бригада ” бб, 1000 Скопје со назнака “За служба за самоуслужно банкарство”, како и фотокопија на личната карта на овластеното лице за застапување на правниот субјект.
Кои се услугите кои ги добивам?
Известување по факс
За да ја користите оваа услуга, пополнете ја пријавата за пријавување на нови корисници, заедно со договорот за регулирање на меѓусебни права и обврски, наведувајќи го бројот на факсот на кој се добиваат пораките и времето во кое сакате да го добивате изводот.
Говорен автомат
За да ја дознаете моменталната состојба на Вашата сметка, завртете го бројот 02 30973 700 и веднаш ќе воспоставите врска со говорниот автомат кој ќе Ве замоли да го внесете PIN-от, кој веќе претходно сте го подигнале во Тутунска. По ова, автоматот ќе Ве замоли да притиснете
1 за говорно исчитување на моменталната состојба, или
2 за да закажете извод по факс
WEB
Оваа опција нуди можности за промена на лозинката, моментален увид во состојбата на сметката, следење на дневните промени на сметката, пристап до конечниот извод, како и вршење на безготовински електронски трансакции (пуштање на налози ПП30 и ПП50).
SMS
Со оваа услуга, во секое време можете да се информирате за моменталната состојба, како и сите приливи и одливи на Вашата сметка, преку едноставно пра ќање кратки пораки на Вашиот мобилен телефон.
E-MAIL
Користењето на e-mail Ви овозможува добивање на пораки со содржина како прилив, одлив, моментална состојба и конечен извод.
Доколку не сте сигурни околу Вашите основни потреби, секогаш можете да одберете помеѓу следни в е модели на кориснички пакети:
Пакет |
Факс |
SMS |
E-mail |
Говорен Автомат |
Налози за плаќање |
Email |
0 |
0 |
150 |
0 |
Не е вклучено |
WEB |
0 |
0 |
0 |
0 |
Не е вклучено |
Lite |
10 |
20 |
100 |
100 |
200 |
Business |
30 |
50 |
200 |
200 |
500 |
Enterprise |
50 |
200 |
300 |
300 |
1000 |
Известување по е- mail
Доколку најмногу Ви одговара да бидете известувани по e-mail, одберете го е -mail пакетот, со кој добивате 150 пораки.
WEB пристап
Доколку Вашиот избор е услугата Web и нтернет пристап, одберете го оној пакет кој во бонусот на услуги има само WEB пристап.
Доколку Вашите потреби ги надминуваат овие услуги, одберете кој било од останатите пакети: Lite, Business, Enterprise или Unlimited.
За сите дополнителни прашања или потреба од информации, Тутунска Ви стои на располагање со телефонот за поддршка: ++389 2 3219 517 |