Бизнис финансии / Електронско банкарство
Основни информации
Предностите на платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Инструменти за плаќање
Општи услови за отварање и водење на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Тарифник на надоместоци
Документи за отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица
Помошни обрасци во платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Мрежа на експозитури
Контакти
Услуги
Девизен пазар
Основни информации
Пакети
Договор за електронско банкарство
Пријава за електронско банкарство
Хартии од вредност
- Државни записи
- Старателски сметки и инвестициони фондови
Депозити на правни лица
Финансирање на проекти од средства обезбедени од странски кредитни линии
Финансирање на проекти од средства обезбедени од сопствени извори на банката
Дневно ноќен трезор
Кеш центар
MasterCard BusinessCard™
Diners Club International
Упатство за регистрација
 
 
 
Електронско банкарство
 
Без оглед на тоа каде се наоѓате, Тутунска Ви овозможува лесно плаќање на Вашите налози и целосен увид во состојбата на Вашата сметка - 24 часа на ден, седум дена во неделата.

За кого?

НЛБ Тутунска банка ги овозможува услугите на електронското банкарство за сите правни лица во денарскиот платен промет кои имаат склучено договор и поседуваат жиро сметка во НЛБ Тутунска банка.

 

Што е електронско банкарство?

Електронското банкарство на НЛБ Тутунска банка е систем кој Ви овозможува брзо и безбедно вршење на електронска трансакција (безготовинско плаќање), без притоа да доаѓате на шалтерите на Банката. Освен тоа, оваа услуга Ви овозможува брзо и безбедно да реализирате безготовински налог од платен промет во земјата, да добиете извод и информации за состојбата на Вашата сметка или за статусот на налозите во Банката, како и известувања за приливи и одливи на Вашата сметка.

Што добивате?

  • Заштеда на време и пари, трансакции од Вашето работно место, со поевтина реална провизија отколку за налози донесени на шалтер
  • Брз и безбеден платен промет
  • Постојан увид во состојбата на Вашата сметка
  • Што е потребно?

    За да ја користите оваа услуга на НЛБ Тутунска банка , потребни Ви се:
    •  Персонален компјутер
    •  Интернет пристап
    •  Модем
    •  Пакет кој содржи ЦД за инсталација, дигитален сертификат и упатство (го обезбедува Банката)
    •  Смарт картичка и читач на смарт картички (за електронски плаќања-ги обезбедува Банката)

    А за да се пријавите на E-banking системот, доволно е да ја пополните основната форма на пристапница, составена од прашалник за пријава на нов корисник и два договори за регулирање на меѓусебните права и обврски.

    Овие документи можете да ги подигнете на шалтерите на НЛБ Тутунска банка, или да извршите нивен download преземи пријава.

    Доколку сте нов корисник на електронскиот сервис на Банката преземи договор.

    По нивното пополнување, се што треба да направите е да ги заверите со печат и потпис на овластено лице и да ги доставите на шалтерите на НЛБ Тутунска банка , или по пошта на адреса “ 12-та Ударна бригада ” бб, 1000 Скопје со назнака “За служба за самоуслужно банкарство”, како и фотокопија на личната карта на овластеното лице за застапување на правниот субјект.

    Кои се услугите кои ги добивам?

    Известување по факс
    За да ја користите оваа услуга, пополнете ја пријавата за пријавување на нови корисници, заедно со договорот за регулирање на меѓусебни права и обврски, наведувајќи го бројот на факсот на кој се добиваат пораките и времето во кое сакате да го добивате изводот.

    Говорен автомат
    За да ја дознаете моменталната состојба на Вашата сметка, завртете го бројот 02 30973 700 и веднаш ќе воспоставите врска со говорниот автомат кој ќе Ве замоли да го внесете PIN-от, кој веќе претходно сте го подигнале во НЛБ Тутунска банка. По ова, автоматот ќе Ве замоли да притиснете
        1 за говорно исчитување на моменталната состојба, или
        2 за да закажете извод по факс

    WEB
    Оваа опција нуди можности за промена на лозинката, моментален увид во состојбата на сметката, следење на дневните промени на сметката, пристап до конечниот извод, како и вршење на безготовински електронски трансакции (пуштање на налози ПП30 и ПП50).

    SMS
    Со оваа услуга, во секое време можете да се информирате за моменталната состојба, како и сите приливи и одливи на Вашата сметка, преку едноставно праќање кратки пораки на Вашиот мобилен телефон.

    E-MAIL
    Користењето на e-mail Ви овозможува добивање на пораки со содржина како прилив, одлив, моментална состојба и конечен извод.

    Доколку не сте сигурни околу Вашите основни потреби, секогаш можете да одберете помеѓу следниве модели на кориснички пакети:

     

    Пакет

    Говорен автомат

    Факс

    SMS

    E-mail

    Web преглед

    Налози за плаќање

    Цена /месец

    1

    Про-клик фax

    /

     неогранич.

    /

    /

    /

    /

    299 ден

    2

    Про-клик еmail

    /

    /

    /

    изводи

    /

    /

    99 ден

    /

    /

    /

    150

    /

    /

    499 ден

    3

    Про-клик инфо

    /

    /

    /

    /

    неогранич.

    /

    0 ден

    4

    Про-клик  мини

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    100 ден

    5

    Про-клик макси

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    неогранич.

    100

    599 ден

    6

    Про-клик 100

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    поединеч.

    неогранич.

    100

    699ден

    7

    Про-клик 200

    100

    10

    20

    100

    неогранич.

    200

    799 ден

    8

    Про-клик 500

    200

    30

    50

    200

    неогранич.

    500

    1.600 ден

    9

    Про-клик 1000

    300

    50

    200

    300

    неогранич.

    1.000

    3.500 ден

    10

    Про-клик 2000

    300

    50

    200

    300

    неогранич.

    2.000

    7.000 ден

    11

    Про-клик 5000

    300

    50

    200

    300

    неогранич.

    5.000

    17.500 ден

    12

    Про-клик 10000

    300

    50

    200

    300

    неогранич.

    10.000

    35.000 ден

     

    За сите дополнителни прашања на телефон: + 389 2 3219 516
     

    НЛБ Тутунска банка Ви овозможува услуги кои се одговор на Вашите потреби и желби, а заедно со Вас секојдневно ги следиме трендовите и иновациите на пазарот.
    Приложените тарифи се променливи согласно Тарифата на Банката. За сите дополнителни податоци и информации повелете во мрежата на експозитури на НЛБ Тутунска банка.

     
    Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007