Бизнис финансии / Трезорско работење / Дневно Ноќен трезор
Основни информации
Предностите на платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Инструменти за плаќање
Општи услови за отварање и водење на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Тарифник на надоместоци
Документи за отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица
Помошни обрасци во платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Мрежа на експозитури
Контакти
Услуги
Девизен пазар
Основни информации
Пакети
Договор за електронско банкарство
Пријава за електронско банкарство
Хартии од вредност
- Државни записи
- Старателски сметки и инвестициони фондови
Депозити на правни лица
Финансирање на проекти од средства обезбедени од странски кредитни линии
Финансирање на проекти од средства обезбедени од сопствени извори на банката
Дневно ноќен трезор
Кеш центар
MasterCard BusinessCard™
Diners Club International
Упатство за регистрација
 
 
 
Дневно Ноќен трезор

Дозволете ни во оваа прилика да Ви презентираме еден од продуктите на Тутунска за кој веруваме дека ќе биде од интерес за работењето на Вашата компанија.

Доколку ги користите услугите на платниот промет во земјата преку Вашата сметка во Тутунска, запознајте се со предностите на Дневно-ноќниот трезор (ДНТ) како продажен канал преку кој имате можност и понатаму рационално да ги користите услугите на платниот промет .

ДНТ претставува брз, современ и временски неограничен начин за работа со Тутунска. Преку ДНТ можете да изберете да извршите некоја од следните услуги:

•  Достава на денарска готовина и налог за уплата на готовина
•  Достава на безготовински налози за пренос
•  Достава на граѓански чекови
•  Достава на слипови од кредитни картички

Услугите на ДНТ се достапни 24 часа на ден, 365 дена во годината, во три експозитури на Тутунска лоцирани во Скопје: експозитура Скопје-ГТЦ, Скопје-Центар и Скопје-Лептокарија.

Основа за користење на ДНТ е склучување на Договор за регулирање на користење на услугата дневно-ноќен трезор со што добивате корисничко упатство за ДНТ, обработка на примените ДНТ пратки од страна на Банката, клуч со идентификациски број за неограничен пристап до ДНТ и сигурносни вреќички во кои се вметнуваат чековите, налозите, готовината, слиповите и спецификациите.

Придобивките кои ги добивате со ДНТ сервисот се многубројни. Меѓу нив би ги издвоиле доставата на готовина без притоа да чекате на шалтер, можноста да го користите и по завршување на Вашето работно време и секако, сигурноста на сервисот која ја намалува потребата од организирање мерки на безбедност од Ваша страна.

За ДНТ се плаќа определен надомест утврден согласно Одлуката за тарифата на надоместоци на услугите што ги врши Тутунска банка.

Доколку имате потреба од брза и навремена обработка на документи со што експедитивно ќе се евидентираат промените на Вашата сметка, дневно-ноќниот трезор ќе ги пресретне Вашите потреби на начин кој ќе овозможи мошне бргу да ги почувствувате неговите предности.

Во своите настојувања да им излезе во пресрет на барањата на клиентите, Тутунска создава услуги и продукти скроени според Вашите потреби. Дозволете заедно да ги почувствуваме благодетите на новитетите и за сите подетални информации обратете се во деловната мрежа на Тутунска на наведените контакти.

Со почит Ваша,
Тутунска банка АД Скопје

Експозитура Скопје-ГТЦ Експозитура Скопје-Центар Експозитура Скопје-Лептокарија
Раководител: Страшо Пупулковски Раководител: Антонио Аргир Раководител: Давор Вукадиновиќ
Телефон: ++ 389 2 3297 571 Телефон: ++ 389 2 3219 511 Телефон: ++ 389 2 3069 770
Кеј 13ти Ноември 3 ГТЦ Ул. Ваисл Главинов 3/5 Партизански Одреди 66
зграда 8

Упатство за користење

Кеш центар

Потписен картон за ДНТ

Спецификација за предавање / уплата на готовина и документација

Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007