Бизнис финансии / Treasury-Средства / Државни записи
Основни информации
Предностите на платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Инструменти за плаќање
Општи услови за отварање и водење на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Тарифник на надоместоци
Документи за отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица
Помошни обрасци во платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Мрежа на експозитури
Контакти
Услуги
Девизен пазар
Основни информации
Пакети
Договор за електронско банкарство
Пријава за електронско банкарство
Хартии од вредност
- Државни записи
- Старателски сметки и инвестициони фондови
Депозити на правни лица
Финансирање на проекти од средства обезбедени од странски кредитни линии
Финансирање на проекти од средства обезбедени од сопствени извори на банката
Дневно ноќен трезор
Кеш центар
MasterCard BusinessCard™
Diners Club International
Упатство за регистрација
 
Учество на аукции за откуп на државни записи
 

Согласно Одлуката за издавање на државни записи во 2004 година на Владата на РМ (Сл.в.бр.84/03) и Договорот за учество на примарен Пазар на државни записи склучен помеѓу: РМ - Министерство за финансии, НБРМ и Тутунска банка АД Скопје, Тутунска банка АД Скопје учествува на аукциите на државни записи во свое име и за сметка на индиректните учесници - домашни и странски правни и физички лица. Погледај информација од Министерство за финансии.

Заради ефикасно вклучување на Банката во прибирање на барања од комитентите и учество на аукциите на државни записи во прилог Ви проследуваме:

1. Календар на државни записи
2. Образец - Барање за купување на државни записи
3. Калкулатор - Пресметка на каматна стапка и цена на државни записи
4. Резултати од аукции на државни записи

Доколку комитентот е нерезидент потребно е да отвори сметка во Централниот депозитар за хартии од вредност.

Комитентот ги пополнува сите барани податоци во Образецот Барање за купување на државни записи (доколку во проспектот за аукција на државни записи е наведено: тендер со каматни стапки - американски тип, тогаш комитентот сам се одлучува која каматна стапка ќе ја наведе во барањето), го потпишува барањето и уплаќа согласно Одлуката за тарифа на надоместоци на услугите што ги врши Тутунска банка АД Скопје: 300,00 денари за поднесување на барањето и дисконтиран износ на државните записи што сака да ги откупи (номиналниот износ на државниот запис Х каматната стапка што ја нуди во барањето).

Доколку понудата на комитентот е успешна, му се пресметува провизија во висина од 0,12% од номиналниот износ на државниот запис се одзема претходно уплатената провизија од 300,00 денари и разликата комитентот ја уплаќа на сметка на Банката. По реализацијата на понудата експозитурата на комитентот му изготвува Договор за откуп на државни записи.

Ако понудата на комитентот е неуспешна , тогаш Деловната служба средства му го враќа уплатениот дисконтиран износ на државни записи на сметката наведена во барањето (уплатената провизија за поднесување на барање во висина од 300,00 денари не се враќа - оваа провизија е за поднесување на барањето од страна на Банката).

Дисконтираниот износ на државни записи комитентот треба да го уплати на сметка на Тутунска банка АД Скопје 210-0466453101-19, во повикување на број во зависност од тоа дали комитентот е:

  • - правно лице 1005-88011
    - јавен сектор 1005-88111
    - финансиски организации и штедилници 1005-88511
    - население - физички лица 1005-88711
  • цел на дознака - откуп на државни записи

Провизијата за посреднички услуги комитентот треба да ја уплати на сметка на Тутунска банка АД Скопје 210-0466453101-19,

  • во повикување на број 1005-151002
  • цел на дознака - провизија за откуп на државни записи.

На денот на доспевањето Деловната служба средства ги уплатува номиналните износи на државните записи на сметките на комитентите иматели на државни записи.

За сите дополнителни информации и појаснувања Ве молиме да се обратите во Деловната служба средства Дарко Илковски тел. ++ 389 2 3105-614; факс ++389 2 3105-694.

 
 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007