Почитувани, Како резултат на досегашната взаемна успешна соработка, дозволете ни во оваа прилика да Ви презентираме еден од продуктите на Тутунска за кој веруваме дека ќе биде од интерес за работењето на Вашата компанија.
Без оглед на тоа каде се наоѓате, Тутунска Ви овозможува лесно плаќање на Вашите налози и целосен увид во состојбата на Вашата сметка - 24 часа на ден, седум дена во неделата.
Тутунска ги овозможува услугите на електронското банкарство за сите правни лица во денарскиот платен промет кои имаат склучено договор и поседуваат жиро сметка во Тутунска.
Електронското банкарство на Тутунска е систем кој Ви овозможува брзо и безбедно вршење на електронска трансакција (безготовинско плаќање), без притоа да доаѓате на шалтерите на Тутунска.
Согласно Одлуката за издавање на државни записи во 2004 година на Владата на РМ (Сл.в.бр.84/03) и Договорот за учество на примарен Пазар на државни записи склучен помеѓу: РМ - Министерство за финансии, НБРМ и Тутунска банка АД Скопје, Тутунска банка АД Скопје ќе учествува на аукциите на државни записи во свое име и за сметка на индиректните учесници - домашни и странски правни и физички лица. Погледај информација од Министерство за финансии.
Заради ефикасно вклучување на Банката во прибирање на барања од комитентите и учество на аукциите на државни записи во прилог Ви доставуваме: