|
|
|
|
| Картички |
 |
|
Сакате
да купите автомобил?
За кого?
Секој кој размислува да купи нов автомобил, а истовремено
сака внимателно да ги распореди своите финансиски средства.
Како?
Многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА.
Се што треба да направите е да пресметате колку Ви треба
за да го возите автомобилот од Вашите сништа.
Што е потребно?
За да добиете кредит за автомобил потребно е да имате
редовни месечни примања и да запишете хипотека на недвижен
имот во корист на ТУТУНСКА.
Што добивате?
Кредит од 3.000 до 15.000 евра.
Можност за враќање до 5 години.
Плаќате камата од само 12% месечно на одобрениот кредит. |
 |
|
|
 |
|
| Без учество. Без
жиранти. За кредит од 1.000 ЕУР месечно плаќате 22 ЕУР. |
|
 |
Размислувате за сопствен
дом?
За кого?
Секој кој планира да купи стан, куќа или деловен простор.
Или пак сака да ги догради, надгради, изгради или адаптрира
својот стан, куќа или деловен простор. Како?
Многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА.
Се што треба да направите е да пресметате колку Ви треба
за да се вселите во домот кој отсекогаш сте го посакувале.
Што е потребно?
За станбен кредит потребно е:
• да сте кредитоспособен
• да запишете хипотека на недвижен имот во корист на ТУТУНСКА
• да обезбедите двајца кредитоспособни жиранти Што
добивате?
Кредит до 50.000 евра.
Можност за враќање до 10 години.
Плаќате камата од:
• 11% годишно за кредит без депозит, или
• 9% годишно ако обезбедите 1/3 депозит.
За кредит од 10.000 ЕУР месечно плаќате:
• 134 ЕУР за кредит без депозит
• 124 ЕУР за кредит со 1/3 депозит |
 |
|
Сакате да купите нов
мебел, компјутер, телевизор или да добиете пари на рака?
За кого?
Секој кој сака да го поднови својот дом со нов мебел,
компјутер, некој од неопходните апарати за домаќинство,
со аудио-визуелна опрема или да задоволи некоја од своите
потреби. Како?
Многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА.
Сe што треба да направите е да утврдите што и колку Ви
треба, а ТУТУНСКА во соработка со голем број на продавачи
ќе Ви овозможи да ги купите Вашите трајни добра.
Со кредитите без определена намена, пак, слободно ќе располагате
со Вашите пари на рака. Што е потребно?
Да добиете кредит потребно е Вие и двајцата жиранти да
сте кредитоспособни. Износот на кредитот е детерминиран
од кредитната способност. Што добивате?
Кредит во висина утврдена зависно од Вашата кредитоспособност
- максималната месечна отплата може да изнесува 1/3 од
просечната месечна плата.
Можност за враќање до 24 месеци.
За купување на трајни добра плаќате камата од 14% годишно.
За наменски кредит од 10.000 ДЕН месечно плаќате 475 ДЕН.
За паричните кредити плаќате камата од 15.8 % годишно.
За кредит од 10.000 ДЕН месечно плаќате 485 ДЕН. |
 |
|
Барате кредит со обезбедување
наменски девизен депозит? За кого?
Секој кој сака да ја зачува својата заштеда, а сепак да
ги реализира своите желби и потреби. Како?
Многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА.
Сe што треба да направите е да ја пресметате својата заштеда
и да го подигнете вистинскиот кредит за себе. Колку депонирате
- толку добивате. Што е потребно?
За да добиете кредит потребно е да се согласите Вашата
заштеда да ја чувате во ТУТУНСКА. Што добивате?
Кредит до 97% од износот на Вашата заштеда.
Можност за враќање до 10 години со опција за грејс период
до 1 година.
Плаќате камата:
• 4% над каматата што ја добивате на заштедата - за кредит
до 20.000,00 ЕУР, односно
• 3.5% над каматата што ја добивате на заштедата - за
кредит над 20.000,00 ЕУР |
 |
|
Сакате хипотекарен
кредит? За кого?
Секој кому во моментот му се потребни повеќе финансиски
средства од оние со кои располага во моментот. Како?
Многу едноставно - со кредитите на ТУТУНСКА.
Сe што треба да направите е да утврдите колку дополнителни
средства Ви се неопходни за да ги исполните своите желби
и потреби. Што е потребно?
За хипотекарен кредит потребно е:
• да сте кредитоспособен
• да запишете хипотека на недвижен имот во корист на ТУТУНСКА
• да обезбедите двајца кредитоспособни жиранти Што
добивате?
Кредит до 10.000 ЕУР.
Можност за враќање до 5 години.
Плаќате камата од:
• 14,9% годишно за кредит без учество, или
• 10% годишно ако обезбедите 1/3 депозит.
За кредит од 1.000 ЕУР месечно плаќате:
• 23,15 ЕУР за кредит од 1000 ЕУР без учество
• 20.97 ЕУР за кредит од 1000 ЕУР со третина депозит |
 |
|
Ние во ТУТУНСКА секогаш
се однесуваме домаќински и внимаваме да Ви овозможиме
услуги кои се одговор на Вашите потреби и желби - кредити
скроени во согласност со Вашите можности.
Презентираните каматни стапки се променливи согласно Одлуката
за политиката за каматни стапки на ТУТУНСКА. За сите дополнителни
и најнови податоци и информации повелете во мрежата на
експозитури на ТУТУНСКА. |
| |
|
|
|