Бизнис финансии / Платен промет во земјата / Користење на сметката во платниот промет
Основни информации
Предностите на платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Инструменти за плаќање
Општи услови за отварање и водење на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Тарифник на надоместоци
Документи за отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица
Помошни обрасци во платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Мрежа на експозитури
Контакти
Услуги
Девизен пазар
Основни информации
Пакети
Договор за електронско банкарство
Пријава за електронско банкарство
Хартии од вредност
- Државни записи
- Старателски сметки и инвестициони фондови
Депозити на правни лица
Финансирање на проекти од средства обезбедени од странски кредитни линии
Финансирање на проекти од средства обезбедени од сопствени извори на банката
Дневно ноќен трезор
Кеш центар
MasterCard BusinessCard™
Diners Club International
Упатство за регистрација
 
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
  • НЛБ Тутунска банка АД Скопје овозможува на своите клиенти отварање и водење на редовни трансакциски сметки и сметки со посебни намени.
  • По отвoрањето на трансакциската сметка, Имателот преку неа може да ги реализира сите платни трансакции .Банката, ги прима и  извршува налозите за плаќања (платните инструменти) од сметката на Имателот според неговите инструкции до висина на покритието на сметката . Под покритие на сметката се подразбира состојбата на сметката од претходниот ден зголемена за приливот на средства во текот на денот и за средствата одобрени врз основа на договор со Банката за дозволено негативно салдо на сметката, намалено за плаќањата во текот на денот до моментот на утврдување на покритието.

Имателот  на  сметката мора изречно и писмено да  овласти лица за располагање со средствата на  сметка .Овластувањето може да биде колективно или поединечно . Овластувањето не може да се пренесува на други лица  и не може да се однесува  на правото на затворање на  сметката.
Лицата, овластени за располагање со средствата на   сметките, кај Банката мора да го депонираат својот потпис.  Потписите и овластувањето важат до писменото отповикување од страна на Имателот на  сметка, или приемот на службено известување за престанување на правното лице  и тоа без оглед на евентуалниот упис на промената на правото на располагање или овластувањата за застапување во трговскиот регистар, регистарот на други правни лица или било кој друг јавен регистар, односно  од објава во Службен весник на РМ. При  промената на лицата овластени за располагање со средствата на  сметката мора да се приложи   извод(тековна состојба) од трговскиот  регистар или друга јавна книга со датум кој што е ист со датумот кога што се врши промената.

  • ПЛАТНИ ИНСТРУМЕНТИ
    Платните инструменти(налозите за плаќање) кои Имателот  на  сметката и ги доставува на Банката задолжително треба да бидат пополнети согласно со прописите односно правилно составен,јасно, читливо и прецизно пополнети, да ги содржат сите барани и потребни информации и  податоци согласно законската регулатива и да е потпишан од овластени лица наведени во потписниот картон.

Платните инструменти(налози за плаќање) кои не ги исполнуваат условите за прием, Банката ги одбива и најдоцна следниот работен ден  ги враќа  и за тоа писмено на соодветен начин кои го има утврдено Банката ,го известува Имателот  на  сметката.

Платните инструменти Имателот на сметката може да ги достави и реализира на следниот  начин :

  • Готовински -уплати и исплати на готовина  (ПП10 и ПП40)
  • со физичка достава во хартиена форма на шалтерите на банката
  • во дневно /ноќен трезор (само за уплати) во Скопје
  • Безготовински-интерни и екстени плаќања (ПП30 и ПП50)
  • со физичка достава во хартиена форма на шалтерите на банката
  • со физичка достава на магнетен медиум
  • по електронски пат преку е-bank( Web )

Доставата на платните инструменти се врши согласно терминскиот план на банката.

Имателот на сметката  врши  достава на налози-платни инструменти  во електронска  форма и користи останати електронски услуги исклучиво преку системот за електронско банкарство на Банката и согласно условите определени во посебен договор за таа намена.

Платниот инструмент може да има валута на извршување на истиот ден или со валута на некој иден ден кој е работен ден (до 7 дена).Платните инструменти кои имаат валута на извршување на денот кога е доставен, се извршуваат истиот ден кога се доставени согласно со терминскиот план на Банката, а ако е доставен подоцна ќе се изврши наредниот работен ден, доколку за негово извршување има покритие на  сметката и нема пристигнато решение за принудна наплата за извршување. Во спротивно Банката со соодветен образец наредниот ден го враќа платниот инструмент на имателот на сметката.

Имателот на  сметката и Банката можат да се договарат Имателот на  сметката да одреди приоритети за извршување на платните инструменти(налозите за плаќање), во спротивно Банката ги извршува според времето на прием, а ќе ги почитува законските приоритети.

Имателот на   сметката може да ги извршува следните видови на плаќање :

  • Интерни- во корист на иматели на сметки во банката
  • Екстерни –во корист на иматели на сметки во други деловни банки и трезорската сметка ,и тоа на два начина :
    • по КИБС преку системот за порамнување на Клириншката куќа, каде плаќањата се сметаат за конечни по извршеното порамнување на сметките на банките во системот на НБРМ
    • по МИПС преку системот за порамнување на НБРМ

Изборот за начин на извршување на плаќањето Имателот на  сметката го врши со назначување на самиот инструмент(налог) за плаќање. Доколку Имателот на   сметката не го назначи начинот на извршување на платниот инструмент(налогот за плаќање), Банката по свој избор, а на најдобар начин ќе го изврши плаќањето.
Имателот на сметката има право на приговор за ненавремено и неизвршување на платниот инструмент од страна на Банката и истиот писмено се обраќа до  Банката.

Воедно, клиентите може да користат и рамковни кредити кои ќе им овозможат користење на средства и над покритието на сметката ,со склучување на посебен договор.

ИЗВОДИ
На крај на денот Банката за сите настанати промени на сметката ги известува комитентите преку дневни изводи. Истиот може да се подигне:

- на шалтерите во експозитурите на Банката или
- електронска форма (факс, E-mail, Web, SMS)

Известување на Имателот на сметката за состојбата и за промените на сметката се врши со доставување на извод за промените и состојбата на сметката најдоцна наредниот работен ден по настанување на промената, кој му се ставени на располагање на шалтерите на Банката или во електронски облик во согласност со посебен договор.Со доставување или подигање на изводот Имателот на сметката се смета за известен  за сите промени  на неговата сметка.Имателот на сметката е должен да ја провери точноста на изводите  и доколку утврди неправилности, во рок од седум дена  од неговото подигање од шалтерите на Банката или електронскиот прием да достави приговор до Банката.Банката одговара на приговорот во рок од 8 дена од денот на приемот .

КАМАТА
Банката месечно пресметува и припишува камата на дневните состојби на средствата на сметките  или при затварање на сметката ,во висина на каматната стапка утврдена со Одлуката  за политиката на каматни стапки на НЛБ Тутунска банка АД Скопје важечка на денот на пресметката ,со одобрување на неговата сметка .
Воедно банката врши пресметки на затезни камати и други камати по разни основи и барања.
  
НАДОМЕСТОЦИ
За вршење  на услугите во платниот промет Банката пресметува и наплатува надоместоци , трошоци и провизии во висина согласно важечката Одлука за тарифа на надоместоци за услуги што ги врши Банката на денот на извршување на услугата, објавени на вообичаен начин, на месечно ниво или при  затварање на сметката ,со задолжување на сметката. Имателот на сметката  за тоа го известува со книжење и евидентирање на изводите од неговата сметка.

ОБВРСКИ НА ИМАТЕЛОТ НА СМЕТКАТА
Имателот на  сметката е должен најдоцна во рок од 3 дена од денот на донесувањето на одлука за статусните и други  промени да ја извести Банката за сите   промени во врска со правниот статус, за промените на податоци на овластените лица и други податоци кои се однесуваат  на водењето на  сметката и се наведени во   барањето за   отворање на сметка .При известувањето за промените  Имателот на сметката  должен е  да достави  извод(тековна состојба) од трговскиот регистар, регистарот на други правни лица или било кој друг јавен регистар во кој што е направен упис на настанатите промени.
Имателот на сметката има обврска редовно да подига изводи за состојбата и промените на сметката ,кои ќе му бидат ставени на располагање најдоцна наредниот работен ден по настанувањето на промената,во спротивно се смета дека имателот на сметката е уредно известен за состојбата и прометот на сметката.

ЗАТВАРАЊЕ НА СМЕТКАТА
Имателот  на сметката може со согласност на Банката било кога , по писмен пат да го раскине  договорот за сметката. Имателот на сметката може договорот да го раскине  и еднострано со отказен рок од 15 дена. Во двата случаи Имателот на сметката е должен во целост  да ги подмири сите обврски  кон Банката кои произлегуваат од договорот, настанати до денот кога договорот престанал.Банката може да го одбие барањето на Имателот на сметката за раскинување на договорот, доколку во моментот на поднесување на барањето имателот има билансни и потенцијални вонбилансни обврски.

Банката може било кога еднострано писмено да го раскине  договорот со отказен рок  од 15 дена, а без отказен рок доколку Имателот не ги почитува  законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно со Општите услови, Договорот и другите интерни акти на Банката и ако Имателот  на сметката  на Банката во  писмена форма веднаш не и ја соопшти секоја промена којашто би можела да влијае на договорот.

Банката ќе ја затвори или блокира  сметката  и без писмено барање на Имателот на сметката во случаи предвидени со законските и подзаконските акти (судска одлука, престанок на постоење на правно лице, одлуки на  други државни органи , кои се донесени врз основа на закон и др.)

Банката   ќе ја затвори и укине сметката  која нема салдо и промени во последните 2 години и не е блокирана, за што задолжително ќе го извести Имателот на сметката.
Сметката на имателот неможе да се затвори во сите случаи предвидени со Законот.

ПРИНУДНА НАПЛАТА
Согласно Законот за платен промет ,Банките се должни да постапуваат и ги извршуваат решенијата за присилна наплата најдоцна наредниот работен ден од денот на приемот на решението ,од сите расположиви средства на имателот на сметката односно Банката е овластена да располага со средствата на сметката без дополнителна согласност во следните случаи:

  • Заради плаќање по основ на судски одлуки , налози за извршување од надлежен извршител согласно Законот за извршување, решенија за присилна наплата на други надлежни органи и лица или во друг случаи предвидени со задолжителни  законски прописи од сите расположливи средства и доставени за наплата акцептни налози издадени од претходниот период согласно важечките прописи,
  • Заради блокирање на сметката(во случај на обезбедување или извршување, привремени мерки, итн) врз основа на одлука на суд или друг надлежен орган, а во согласност со задолжителните и важечки  законски прописи.
  • Врз основа на посебни договори,договорни овластувања, писмено овластување од Имателот на сметката  и во други случаи предвидени со законите и другите прописи.
  • Врз основа на пристигнато барање за рекламација од други банки за погрешно или повеќе одобрена сметка .

 

РЕКЛАМАЦИИ
Во случаи на погрешно книжено  задолжување или одобрување на сметката, без одобрение на Имателот на  сметката, коешто е последица на забуна, односно грешка на Банката или нејзините надворешни соработници, Банката може да го отстрани со спротивно книжење, така што состојбата на сметката да биде непроменета.  Банката за тоа го известува Имателот на сметката со извод на состојбата и прометот, кој го испраќа на договорениот начин.

Информациите во врска со трансакциска сметка за физички лица може да се добијат во делот / лични финансии / сметки / трансакциска лична сметка

 

 

 

Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007