|
Платниот промет во земјата се сите плаќања во денари што ги вршат учесниците во платниот промет преку носителите на платен промет.
Носители на платниот промет се Народната банка на Република Македонија, банките со дозвола за вршење платен промет согласно закон, филјали на странски банки и Трезорот при Министерството за Финансии како посебен носител на платниот промет на буџетските корисници,единките корисници и на др.институции согласно закон.
Учесник во платниот промет е домашно или странско правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет.
Учесникот во платниот промет може да има:
· повеќе трансакциски сметки кај еден носител на платен промет и
· трансакциски сметки кај повеќе носители на платен промет. |
|
НЛБ Тутунска банка АД Скопје е носител на платниот промет во земјата и дел од платниот систем на Р.Македонија, каде сите денарски платни трансакции на своите комитенти ги извршува преку:
1. Интерен платен промет – плаќања помеѓу комитентите на банката (систем на плаќања во рамки на една банка), кој е најефтин и најбрз начин на реализација на налозите за плаќање. Истовремено банката ги врши и сите готовински плаќања (уплати и исплати на готовина).
2. Екстерен платен промет – меѓубанкарски платен промет каде учесниците од две банки своите плаќања може да ги извршуваат преку два система на порамнувања:
· МИПС – Македонски интербанкарски платен систем односно систем на порамнување во НБРМ. Се користи за итни и големи плаќања на и над 1.000.000 денари.
· КИБС – Клириншки интербанкарски систем односно систем на порамнување во Клириншката куќа. Порамнување помеѓу банките кое се врши на крај од пресметковниот ден за налози до 1.000.000 денари.Сите трансакциски сметки отворени во Банката се водат во ЕРТС односно во Единствениот регистар на трансакциски сметки во Клириншка куќа која ја определува Министерството за финансии.
|