Бизнис финансии / Девизен Пазар
Основни информации
Предностите на платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Инструменти за плаќање
Општи услови за отварање и водење на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Тарифник на надоместоци
Документи за отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица
Помошни обрасци во платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Мрежа на експозитури
Контакти
Услуги
Девизен пазар
Основни информации
Пакети
Договор за електронско банкарство
Пријава за електронско банкарство
Хартии од вредност
- Државни записи
- Старателски сметки и инвестициони фондови
Депозити на правни лица
Финансирање на проекти од средства обезбедени од странски кредитни линии
Финансирање на проекти од средства обезбедени од сопствени извори на банката
Дневно ноќен трезор
Кеш центар
MasterCard BusinessCard™
Diners Club International
Упатство за регистрација
 
Девизен Пазар

Откуп и продажба на девизи

Девизниот пазар за откуп и продажба на девизи на Тутунска банка АД Скопје работи од понеделник до петок од 8:00 до 14:30 часот. На девизниот пазар девизите се купуваат промптно и на термин.

Под промптни трансакции се подразбираат сите оние трансакции на купопродажба на странски платежни средства во кои испораката на овие средства мора да се изврши во рок од два работни дена сметано од датумот на договарање на трансакцијата. Денарската противвредност се исплаќа на денот на испорака на странското платежно средство.

Под термински трансакции се подразбираат сите оние трансакции на купопродажба на девизи во кои испораката на девизните средства се врши подоцна од два работни дена сметано од датумот на договарање на трансакцијата. Денарската противвредност се плаќа на датумот на испорака на девизите.

Најавата се врши на долунаведените телефонски броеви, а доставувањето на документацијата можете да го извршите во сите експозитури на Банката.

 

Откуп на девизи:

· На долу наведените телефони треба да го најавите износот и валутата што сакате да ја купите, најдоцна до 14:00 часот

· Котација на курсевите за бараните девизи како и инструкции за плаќање ќе добиете телефонски

· Доставете заверени налози ПП 30 за извршена уплата на денарската противвредност, провизијата за дознака и SWIFT трошоци. (Види калкулатор и инструкции за плаќање)

· Налогот за трансфер на девизи во странство (образец 1450) во 10 примероци потребно е да се достави истиот, а најдоцна наредниот работен ден во централата или експозитурите на Тутунска банка. Доколку во овој рок не биде доставен налогот за плаќање во странство, девизите ќе бидат откупени на девизниот пазар, а денарската противвредност ќе биде одобрена на вашата жиро сметка

· Потврда за склучената трансакција за купопродажба на девизи претставува заклучницата потпишана од овластени лица од страна на купувачот и Тутунска банка АД Скопје.

· Со уредно пополнетиот налог за плаќање во странство (образец 1450) потребно е да доставите документација од која може да се утврди основот на плаќањето.

· Банката го извршува плаќањето истиот работен ден доколку ги доставите претходно споменатите документи најдоцна до 14:00 часот, а како потврда за извршеното плаќање ке добиете копија од SWIFT пораката на вашиот телефакс.

· Дознаките кои гласат на УСД се извршуваат со истиот ден на валута, а дознаките кои гласат на ЕУР се извршуваат со валута на наредниот работен ден.

 
Формат за пополнување на образец 1450-налог за плаќање во странство
Калкулатор за пресметка на денарска противвредност, провизија и SWIFT трошоци
  - Купување на девизи на девизен пазар
  - Продажба на девизи на девизен пазар
Инструкции за пополнување на налозите ПП30 за откуп на девизи

Курсна листа за девизен пазар на Тутунска банка

 

Продажба на девизи:

· На долу наведените телефони треба да го најавите износот и валутата што сакате да ја продадете, најдоцна до 14:00 часот.

· Котација на курсевите за понудата на девизи ќе добиете по телефон

· Потврда за склучената трансакција за купопродажба на девизи претставува заклучницата потпишана од овластени лица од страна на продавачот и Тутунска банка АД Скопје

· По потпишувањето на заклучницата денарската противвредност за откупените девизи ќе биде дозначена на жиро сметката веднаш.

Телефони за најава на купородажба на девизи на девизен пазар:

++ 389 2 3105 628; ++ 389 2 3105 635; ++ 389 2 3105 806

Информации за потребната документација за плаќање во странство:

++ 389 2 3105 684; ++ 389 2 2464 116

 
Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007