|
Што ми овозможува MasterCard BusinessCard™?

Што ми овозможува
MasterCard BusinessCard TM?
Од картичната програма на MasterCard ® International Тутунска банка за Вашето претпријатие издава деловни MasterCard BusinessCard™ кредитни картички.
Со Вашата MasterCard BusinessCard™ , не само што станувате еден од корисниците на парични картички на Тутунска, туку на дланка добивате и бескрајна низа неограничени можности кои ќе му дадат нова димензија на Вашето секојдневие.
MasterCard BusinessCard™ е картичка која гласи на име на претпријатието, а можат да ја користат повеќемина вработени за различни цели, како за подмирување на секојдневни службени трошоци, така и за деловни патувања во земјата и во странство или пак за подигнување готовина на повеќе од 900.000 банкомати во светот. Со MasterCard BusinessCard™ добивате можност да патувате безгрижно и сигурно во кој било дел од светот.
Тутунска MasterCard BusinessCard™ претставува многу повеќе од поинаков начин на плаќање. Со картичката добивате можност флексибилно да располагате со средствата на Вашето претпријатие утврдени во рамки на одобрениот кредитен лимит.
Ви посакуваме едноставно користење на Вашите Тутунска MasterCard BusinessCard™ картички.
Што е потребно за да добијам MasterCard BusinessCard™
?
- Пополнето и потпишано барање за
добивање и користење на картичката.
- Меница од 500 МКД , заверена од
правното лице со пополнета менична изјава.
- Промет на жиро сметка за последните
6 месеци.
- Биланс на состојба и биланс на
успех за претходната година.
- Заклучен лист за крајот од претходната
година и последниот квартал од тековната година.
- Сметка за Платен промет во земјата
во Тутунска банка АД Скопје.
Види и:
Тарифник
на картички
Контакт:
Поддршка за корисници: ++ 389 2 321 95 17
Факс: ++ 389 2 321 95 19
E-mail: helpdesk@tb.com.mk
|