Бизнис финансии / Трезорско работење / Дневно Ноќен трезор
Основни информации
Предностите на платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Инструменти за плаќање
Општи услови за отварање и водење на денарска трансакциска сметка за домашни правни лица
Користење на трансакциската сметка на правните лица во платниот промет
ТЕРМИНСКИ ПЛАН
Тарифник на надоместоци
Документи за отворање на денарска трансакциска сметка за правни лица
Помошни обрасци во платниот промет на НЛБ Тутунска банка
Мрежа на експозитури
Контакти
Услуги
Девизен пазар
Основни информации
Пакети
Договор за електронско банкарство
Пријава за електронско банкарство
Хартии од вредност
- Државни записи
- Старателски сметки и инвестициони фондови
Депозити на правни лица
Финансирање на проекти од средства обезбедени од странски кредитни линии
Финансирање на проекти од средства обезбедени од сопствени извори на банката
Дневно ноќен трезор
Кеш центар
MasterCard BusinessCard™
Diners Club International
Упатство за регистрација
 
Дневно Ноќен трезор
I. Општи начела
 
Член 1

Упатството и општите услови за користење на Дневно ноќен трезор на Тутунска банка АД Скопје ги определува условите и намената за користење на Дневно ноќниот трезор, употребата на клучот, постапките при користење, обврските на договорните страни, надоместоците за користење и важењето на општите услови.

Во понатамошниот текст, се користат следните изрази: “ ТБ ” за Тутунска банка АД Скопје, “ ДНТ ” за Дневно ноќен трезор, “ Општи услови ”, за Упатство и општи услови за користење на дневно ноќен трезор, “ корисник ”, за правно лице корисник на ДНТ, ” ПП ” за платен промет во земјата.

 
Член 2

Корисник може да биде секое правно лице имател на сметка во ПП на ТБ на кое ТБ му одобрила користење на ДНТ.
Корисникот може да работи преку ДНТ во повеќе експозитури од мрежата на ТБ.

 
Член 3

Висината на надоместокот за употреба на ДНТ е определена во Одлуката за тарифата на надоместоци на услугите што ги врши Тутунска банка АД Скопје.
При предвремено откажување од користење на ДНТ корисникот нема право на рефундирање на веќе платениот надомест за користење на ДНТ.

 
II Користење на ДНТ
 
Член 4

На корисникот му овозможуваме брза, едноставна и сигурна достава на готовина и налози со 24 часовен пристап.

 
Член 5

ДНТ е наменет за достава на :

•  готовина (банкноти) со налог за уплата на готовина
•  налози за пренос на средства
•  чекови за наплата
•  достава на слипови

 
Член 6

ТБ, по потпишување на договорот, на корисникот му издава клуч за користење на ДНТ и специјални сигурносни вреќички за достава на готовина и документи во ДНТ.
Клучот на предната страна има втиснато иденти-фикациона ознака којА кажува на кој ДНТ и експо-зитура му припаѓа. Корисникот на ДНТ се задолжува со клучот според втиснатата идентификацона ознака на клучот.

 
Член 7

Сигурносните вреќички за ДНТ се непреносливи и за еднократна употреба. Корисникот вреќичките ги превзема во експозитурата. Бројот на вреќичките е вклучен во надоместокот за користење на ДНТ.
Корисникот мора да ги пополни точно и читливо сите барани податоци на предната страна на вреќичката, како и со знак v да ја означи содржината на вреќичките.
Откако корисникот ќе ја внесе и рамномерно распредели содржината од член 5 во вреќичката, ги откинува првите два купона ( купонот за Банката го става во вреќичката, а купонот за клиенот го архивира кај себе ) и со отстранување на самолепливата лента ја залепува вреќичата.

Ковани пари не е дозволено да се ставаат во вреќичката!
 
III. Постапка за користење
 
Член 8

ДНТ го користиме на следниот начин:

•  Го ставаме клучот во клучалката и го завртуваме на десно
•  Ја отвараме вратата од ДНТ
•  Со повлекување надолу ја отвараме втората врата (кадичка)
•  Ја внесуваме сигурносната ќесичка во втората врата (кадичка)

 

Ќесичките секогаш ги ставаме хоризонтално во кадичката!

•  Ја затвораме втората врата (кадичка) и чекаме сигурносната вреќичка да падне во трезорот.

При ставање на вреќичките во ДНТ, посебно внимаваме, секогаш да ставаме само по една сигурносна вреќичка (не подебела од 5 – 10 см) во втората врата (кадичка), ја затвараме втората врата (кадичка) и повторно ја отвораме доколку имаме повеќе вреќички.

•  По внесување на сите сигурносни вреќички ја затвараме втората врата (кадичка), а потоа ја затвараме вратата од трезорот со клуч.

Внимавајте да не го заборавите клучот на вратата од трезорот!
 
IV. Одредби за работењето преку ДНТ
 
Член 9
На имателот на сметка - корисник на ДНТ, предадените готовина и чекови се евидентираат како зголемување на состојбата на неговата сметка. Износите на налозите за пренос, пак, се евидентираат со намалување на состојбата на неговата сметка.
 
Член 10

Корисникот на ДНТ се обврзува да обезбеди покритие на сметката за предадените налози за пренос и плаќање на банкарските надоместоци.

Во случај корисникот на ДНТ на сметката да нема доволно средства (покритие), Банката нема да ги спроведе предадените налози за пренос и за тоа писмено ќе го извести корисникот на ДНТ, со достава на образецот “ вратени налози” заедно со изводот на сметката (доколку коминтентот тој ден нема извод се доставува само образец “вратени налози”).

 
Член 11

Корисникот се обврзува :

•  во случај на губење или кражба на клуч за ДНТ, веднаш да ја извести Банката,
•  во случај на престанок на важност на договорот за користење на ДНТ клучот задолжително да го врати во Банката.

Корисникот, кој ќе го загуби клучот, се обврзува да ги сноси сите трошоци за изработка на нов клуч.

 
Член 12
По потпишување на договорот и врачување на Упатството и општите услови за користење на ДНТ, Банката ќе му ги појасни на корисникот начинот на работење и начинот на користење на ДНТ. Корисникот се обврзува, да ја надомести секоја штета која би настанала од неправилно користење на ДНТ.
 
Член 13

Банката ќе обезбеди комисиско отворање на вреќичките и контролирање на нивната содржина, за што е потребно да обезбеди комисија, составена од минимум 2 члена – вработени на Банката.

 
Член 14

Целокупната документација, предадена во ДНТ мора да ги содржи правилно, читливо и целосно пополнети сите елементи на обрасците. Податоците не смеат да бидат корегирани.

 
Член 15

Терминска обработка :

До 8.00 часот :
Содржината на вреќичките, предадени во ДНТ до 8.00 часот, Банката ќе ја обработи истиот ден.

По 8.00 часот :
Содржината на вреќичките, предадени во ДНТ по 8.00 часот, Банката ќе ја обработи наредниот работен ден.

Содржината на вреќичките, предадени во ДНТ во сабота по 8.00 часот, во недела или на ден пред и на празник Банката ќе ја обработи првиот нареден работен ден.

 
Член 16

Потврда за обработката на содржината на вреќичките, предадени во ДНТ, корисникот ги прима на претходно договорениот начин (во експозитурата или на адреса на корисникот).

 
Член 17

Рекламациите на корисникот се решаваат во експозитурата каде е користена услугата за ДНТ, од страна на комерцијалистите одговорни за ДНТ и домашен платен промет.

За сите рекламации треба да се интервенира во експозитурата најдоцна 8 дена по предавање на вреќичката во ДНТ.

 
V. Важност на упатството и општите услови за користење на ДНТ
 
Член 18

Ова Упатство и општи услови за користење се со важност од Ноември 2003 година и истите се составен дел на Договорот за користење на ДНТ.

Сите права загарантирани НЛБ Тутунска банка 2007