Депозит Класик

Депозит Класик е наменет за сите кои сакаат да ги орочат своите финансиски средства на одреден временски период.

Основни информации

  • Валута: МКД, ЕУР, УСД, АУД, ГБП
  • Рок на орочување: по видување, 1, 3, 6, 12, 24, 36, 48 и 60 месеци
  • Минимален влог: 2.500 МКД / 50 ЕУР
  • Каматни стапки: номинални, фиксни за денарски и девизни депозити со рочност до 36 месеци и варијабилни за денарски и девизни депозити над 36 месеци 
  • Припис на камата: месечно или рочно (за ависта депозит – на крајот на годината)
  • Склучување на договор: во сите експозитури на Банката
  • Документ за идентификација: лична карта или пасош 

Каматни стапки

МКДЕУРУСДГБПАУД
1 месец 0,01% 0,01%
2 месеци
3 месеци 0,00% 0,00% 0,01% 0,01%
6 месеци 0,00% 0,00% 0,03% 0,03% 0,01%
12 месеци 0,00% 0,00% 0,05% 0,05% 0,03%
24 месеци 0,10% 0,05% 0,10% 0,05%
36 месеци 0,25% 0,10% 0,20% 0,10%
48 месеци 0,24%
(НРКС - 0,86%)
0,15
+6М Еурибор
60 месеци 0.34%
(НРКС - 0,76%)
0,20%
+6М Еурибор

* Каматните стапки се со важност од 01.12.2021 година и се на годишно ниво.

**Согласно Одлуката за каматни стапки на НЛБ Банка АД Скопје, каматните стапки за депозитите во МКД валута со рочност до 36 месеци се фиксни, додека кај долгорочните депозити на (48 и 60 месеци) се варијабилни и се врзуваат за референтни каматни стапки. Рочностите над 36 месеци ќе имаат каматна стапка која ќе се формира со користење на НРКС и определен фиксен додаток или одбиток. Вредноста на НРКС во моментов изнесува 1,10% (усогласувањето на НРКС се прави на 6 месечна основа, а новоотворените партии ја превземаат важечката НРКС за месецот во кој се отворени)

Кај депозитите во девизи со рочност до 36 месеци каматните стапки се фиксни, додека кај долгорочните депозити (на 48 и 60 месеци) каматните стапки се варијабилни и се врзуваат за референтни каматни стапки, односно претставуваат збир од Фиксна каматна стапка + 6 месечен ЕУРИБОР. Доколку 6 месечниот ЕУРИБОР има вредност под нула  (во моментов е -0,32), ќе се смета дека изнесува нула.

Преглед на каматни стапки за сите депозити на физички лица