РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ
На следниот линк може да ги најдете резултатите од одржувањето на Годишното собрание на акционери одржано на ден 23.04.2020 (четврток) со почеток во 13.00 часот.
Со почит,
НЛБ Банка
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ОБЈАВЕНИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ
Во согласност со Уредба со законска сила за престанување на важење на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија на ден 04.04.2020 (Сл.весник на РСМ бр.90/2020), исполнети се законските услови за одржување на Годишно собрание на акционери поради што НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека Годишното собрание на акционери се презакажува и истото ќе го одржи на ден 23.04.2020 (четврток) со почеток во 13.00 часот.
Во оваа насока НЛБ Банка АД Скопје ги повикува акционерите правото на учество и гласање на Собранието на Банката што е можно поскоро да го остварат со писмена кореспонденција (кореспондентски начин на гласање), а најдоцна до 22.04.2020 година со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание.
Детални инструкции за ваквиот начин на гласање и учество на Собранието се достапни на официјалната веб страна на Банката www.nlb.mk
За дополнителни информации во однос на точките од дневен ред и за начинот на гласање може да поставите прашање по електронски пат на kabinetuprava@nlb.mk или на следните телефонски броеви 02/5100606 иили 02/5100611.
НЛБ Банка АД Скопје
СООПШТЕНИЕ ВО ВРСКА СО ОБЈАВЕНИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ ОД 16.03.2020 ГОДИНА И ДОПОЛНИТЕЛНО ДОСТАВЕНАТА ИНФОРМАЦИЈА ОД 26.03.2020 ГОДИНА
НЛБ Банка АД Скопје на ден 16.03.2020 година објави Јавен повик до акционерите на Банката за учество на Годишно собрание на акционери кое треба да се одржи на 16.04.2020 година, а на ден 26.03.2020 година објави и Дополнување на информација во врска со објавениот Јавен повик до акционерите на Банката.
НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека врз основа на Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.79/2020), одржувањето на Годишното собрание на Банката, закажано за 16.04.2020 година, се одложува за време на траењето на вонредната состојба.
По завршувањето на вонредната состојба НЛБ Банка АД Скопје навремено ќе информира за нов датум на одржување односно продолжување на закажаното Годишно собрание на акционери, почитувајќи ги законските одредби.
НЛБ Банка АД Скопје
ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ОБЈАВЕНИОТ ЈАВЕН ПОВИК ЗА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ ОД 16.03.2020 ГОДИНА
НЛБ Банка АД Скопје на ден 16.03.2020 година објави Јавен повик до акционерите на Банката за учество на Годишно собрание на акционери кое треба да се одржи на 16.04.2020 година, а во кое беше истакнато дека Банката дополнително ќе информира за начинот на одржување на седницата на Собранието на акционери, имајќи ги во предвид препораките на Владата на РСМ за заштита и превенција од вирусот Covid-19.
Во насока на реализирање на препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ и во интерес на почитување на мерките за спречување на ширењето на Covid-19, информираме дека НЛБ Банка АД Скопје Годишното собрание на акционери закажано за 16.04.2020 година ќе го одржи без физичко присуство на акционерите како заштита од дополнително ширење на вирусот Covid-19.
Во оваа насока НЛБ Банка АД Скопје ги повикува акционерите правото на учество и гласање на Собранието на Банката што е можно поскоро да го остварат со писмена кореспонденција (кореспондентски начин на гласање), со цел да се обезбеди успешно одржување на закажаното Собрание.
Детални инструкции за ваквиот начин на гласање и учество на Собранието се достапни на официјалната веб страна на Банката www.nlb.mk
Воедно, Ве информираме дека на ден 24.03.2020 година од страна на Акционерот НЛБ дд Љубљана е доставен предлог за донесување на нова одлука по точка 10 од дневниот ред со назив Предлог-одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година. Содржината на предлог-одлуката е објавена на официјалната веб страна на Банката https://nlb.mk/
За дополнителни информации во однос на точките од дневен ред и за начинот на гласање може да поставите прашање по електронски пат на kabinetuprava@nlb.mk или на следните телефонски броеви 02/5100606 иили 02/5100611.
НЛБ Банка АД Скопје
Годишно собрание на акционери - Јавен повик 2020 година
Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 06.03.2020 година за свикување на Годишно собрание на акционери,
НЛБ Банка АД Скопје
ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционерите на НЛБ Банка АД Скопје
Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 16.04.2020 година, со почеток во 13.00 часот.Во однос на начинот на одржување на седницата НЛБ Банка АД Скопје благовремено ќе информира (имајќи ги во предвид владините мерки за заштита и превенција од ширење на вирусот Covid19). Годишното собрание ќе работи со следниот:
Дневен ред
1. Избор на претседавач на Собранието;
2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;
3. Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година, со:
4. Извештај на друштвото за ревизија Ернст и Јанг овластени ревизори-ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје, изготвени во согласност со локалната регулатива и во согласност со Меѓународните стандарди за финансиско известување за 2019 година со:
5. Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2019 година со вклучени резултати од поединечна и колективна оцена на работата на членовите на Надзорниот одбор за 2019 година:
6. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор;
7. Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2019 година со:
8. Предлог-одлуки за одобрување на работата на членовите на Управниот одбор;
9. Предлог-одлука за усвојување на годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година;
10. Предлог-одлука за употреба и распоредување на добивката по годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година;
11. Предлог-одлука за распределба на дивиденда и утврдување дивиденден календар на НЛБ Банка АД Скопје за 2019 година;
12. Предлог-одлука за назначување Друштво за вршење ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2020 година;
13. Предлог-одлука за именување независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
14. Информација за резултатите на извршената оцена на соодветноста на Зоран Јовановски за член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје
Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.
Секој акционер што има намера да учествува на Годишното собрание на Банката е должен да го пријави своето учество на Годишното собрание (пријава за учество на Собрание) најдоцна пред почетокот на седницата на Годишното собрание до Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-326 и 02/5100-906) или на електронска адреса kabinetuprava@nlb.mk
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Годишното собрание со потпишување писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.
Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, полномошникот е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Годишното собрание да достави известување до Комисијата за хартии од вредност за намерата и причините за давањето на полномошното, бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали тие се со или без инструкции за гласање.
Полномошникот го поднесува известувањето до Комисијата во писмена форма исклучиво на пропишан образец утврден во Правилник за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва.
Годишното собрание ќе одлучува само по прашања што се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања имаат само акционерите што се сопственици на акции со право на глас.
На својата интернет-страница www.nlb.mk, не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Годишното собрание, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации: содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување седница на Годишно собрание на акционери; вкупниот број акции и вкупниот број гласачки права што произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата на Годишното собрание на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите (овој образец се однесува на давање полномошно од еден акционер на едно лице. Во случај на давање полномошно од страна на повеќе акционери на едно лице, се користи образецот утврден во Правилникот за критериуми за утврдување на заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва)
Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Годишното собрание, од 10:00 до 13:00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р Македонија, во Секторот за правни работи и секретаријат на НЛБ Банка АД Скопје.
Во Скопје,
НЛБ Банка АД Скопје
Вкупниот број на акции изнесува 854.061 (обични акции), од кои со право на глас се 853.245 акции